поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5
  6. 6
  7. 7
  8. 8
  9. 9
  10. 10
  11. 11
  12. 12
  13. 13
  14. 14
  15. 15
  16. 16
  17. 17
  18. 18
  19. 19
  20. 20
  21. 21
  22. 22
  23. 23
  24. 24
  25. 25
  26. 26
  27. 27
  28. 28
  29. 29
  30. 30
  31. 31
  32. 32
  33. 33
  34. 34
  35. 35
  36. 36
  37. 37
  38. 38
  39. 39
  40. 40
  41. 41
  42. 42
  43. 43
  44. 44
  45. 45
  46. 46
  47. 47
  48. 48

Стар Завет

Нов Завет

Езекиел 46 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Господ Бог зборува вака: „Вратата на внатрешниот двор, што гледа кон исток, нека биде затворена шест работни денови, а нека биде отворувана во саботниот ден; и нека биде отворувана во денот на младата месечина.

2. Кнезот нека влегува низ нивниот трем и нека застане кај довратникот; тогаш свештениците ќе ги принесат неговата паленица и жртва благодарница, а тој ќе се поклони при прагот на вратата и ќе излезе. Вратата нека не се затворува до вечер.

3. При влезот на истата врата во сабота и при млада месечина, народот на земјата ќе Му се поклонува на Господа.

4. Паленицата што кнезот ќе му ја принесува на Господа, во сабота, нека биде: шест јагниња без недостаток, овен без недостаток.

5. А лебниот принос нека биде по ефа на овен, а на јагнето колку и како кој може и по ин масло на ефа.

6. Во денот на млада месечина нека бидат принесени: јунец без недостаток, шест јагниња и овен без недостаток.

7. А за лебниот принос нека се принесе по ефа на јунецот, по ефа на овен, и по ин масло на ефа.

8. Кога кнезот ќе влегува, нека влегува низ тремот на вратата и нека излегува по истиот пат.

9. А кога народот на земјата ќе доаѓа во празниците пред Господа оној кој ќе влезе низ северната врата за да се поклони, нека излезе низ јужната, а кој ќе влезе низ јужната, нека излезе низ северната; нека не се враќа кон вратата низ која што влегол, туку нека излезе низ спротивната.

10. И кнезот нека биде со нив: кога ќе влегуваат тие, нека влезе и тој и нека излезе кога ќе излегуваат тие.

11. На празниците и на свечените денови нека се принесува лебен принос по ефа на јунец и по ефа на овен, а на јагне колку кој може и по ин масло на ефа.

12. Кога кнезот ќе сака да Му принесе доброволна паленица или доброволна жртва благодарница на Господа, нека му ја отворат вратата што гледа кон исток, па нека ја принесе паленицата и својата жртва благодарница како во саботен ден; потоа нека излезе а кога ќе излезе, вратата нека се затвори.

13. Секој ден ќе Му принесуваш на Господа за паленица јагне годиначе, без недостаток; ќе го принесуваш секое утро.

14. А лебниот принос со него принесувај го секое утро по шестина ефа и по третина ин масло, за да се попрска брашното; тоа нека Му биде лебен принос на Господа според вечна уредба.

15. И така треба да се принесуваат јагне, лебен принос и масло секое утро постојано како паленица.”

16. Господ Бог зборува вака: „Ако кнезот му даде подарок на некој свој син од своето наследство, тој дар ќе им припадне ним во сопственост како наследство.

17. Ако од своето наследство му даде подарок на некој свој слуга, тоа ќе му припаѓа нему до ослободувачката година, а потоа нека му биде вратен на кнезот; наследството им припаѓа само на кнезовските синови.

18. Кнезот не смее да присвои ништо од наследството на народот, ограбувајќи народниот недвижен имот. На своите синови нека им даде наследство од својот имот, за да не се распрсне народот, протеран од својата сопственост.”‘“

19. Потоа ме одведе низ влезот покрај вратата во свештеничките простории на Светилиштето што гледаа кон север, и ете: таму, во дното, кон запад, едно место!

20. И ми рече: „Ова е местото каде што свештениците ќе ги варат жртвите за престапи и за грев и жртвата помирница, каде ќе ги печат лебните приноси за да не ги изнесат во надворешниот двор та да го осветат народот.”

21. Потоа ме изведе во надворешниот двор и ме помина покрај четирите агли на дворот, и ете, во секој агол на дворот беше мало дворче.

22. Тие мали дворови во четирите агли на дворот беа долги четириесет лакти, широки триесет - сите четири со исти размери;

23. сите четири опашани со ѕид, а под ѕидот секаде наоколу беа изградени огништа.

24. И ми рече: „Тоа се готвачилниците каде што слугите на Домот ќе му ги варат жртвите на народот „