поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5
  6. 6
  7. 7
  8. 8
  9. 9
  10. 10
  11. 11
  12. 12
  13. 13
  14. 14
  15. 15
  16. 16
  17. 17
  18. 18
  19. 19
  20. 20
  21. 21
  22. 22
  23. 23
  24. 24
  25. 25
  26. 26
  27. 27
  28. 28
  29. 29
  30. 30
  31. 31
  32. 32
  33. 33
  34. 34
  35. 35
  36. 36
  37. 37
  38. 38
  39. 39
  40. 40
  41. 41
  42. 42
  43. 43
  44. 44
  45. 45
  46. 46
  47. 47
  48. 48

Стар Завет

Нов Завет

Езекиел 48 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. А ова се имињата на племињата: од крајниот север покрај патот за Етлон кон влезот во Емат и Асар Енан, од Дамасканскиот крај на север вдолж Емат, од исток до запад - Дановиот дел.

2. Покрај Дановото подрачје, од исток до запад - Асировиот дел.

3. Покрај Асировото подрачје, од исток до запад - Нефталимовиот дел.

4. Покрај Нефталимовото подрачје, од исток до запад - Манасиевиот дел.

5. Покрај Манасиевото подрачје, од исток до запад - Ефремовиот дел.

6. Покрај Ефремовото подрачје, од исток до запад - Рувимовиот дел.

7. Покрај Рувимовото подрачје, од исток до запад - Јудиниот дел.

8. Покрај Јудиното подрачје, од исток до запад - нека биде задржано подрачјето што ќе Му го принесете на Господа; дваесет и пет илјади лакти во ширина, а во должина како секој друг дел, од исток до запад. Светилиштето нека биде во средина.

9. Тоа задржано подрачје што ќе Му го принесете на Господа, нека биде долго дваесет и пет илјади лакти, широко десет илјади.

10. Тоа свето, принесено подрачје за свештениците нека биде на север дваесет и пет илјади лакти; кон запад широко десет илјади; кон исток широко десет илјади; кон југ долго дваесет и пет илјади. Господовото Светилиште нека биде во средина.

11. А на посветените свештеници, на Садоковите потомци, кои што Ми служеа верно и не застранија, како левитите, кога застранија Израелевите синови:

12. ним ќе им припадне дел од тоа најсвето подрачје на земјата, покрај левитското подрачје.

13. А на левитите, исто како и на свештеничкото подрачје: дваесет и пет илјади лакти во должина и десет илјади лакти во ширина - вкупно дваесет и пет илјади лакти во должина, десет илјади во ширина.

14. Од тоа ништо не смее да се продаде ни да се замени; врз никого не смее да се пренесува таа првина на земјата, зашто Му е посветена на Господа.

15. Пет илјади лакти во ширина, што ќе останат од оние дваесет и пет илјади, нека биде општо подрачје: за градот, за населбата и за чистината. Градот нека биде во средина.

16. Еве ги мерите: на север четири илјади и пет стотини лакти; на исток четири илјади и пет стотини; на запад четири илјади и пет стотини.

17. А чистината околу градот: двеста и педесет лакти кон север, двеста и педесет кон југ, двеста и педесет кон исток, двеста и педесет кон запад.

18. Што ќе остане во должина, вдолж на светото подрачје - десет илјади лакти кон исток и десет илјади кон запад, вдолж на светото подрачје - тоа нека биде за издржување на оние кои му служат на градот.

19. Тие што му служат на градот ќе се земат од сите Израелеви племиња.

20. И така, сето задржано подрачје - дваесет и пет илјади лакти по дваесет и пет илјади лакти, во четириаголник - ќе Му го принесете на Господа: и светото подрачје и градскиот имот.

21. На кнезот му припаѓа што ќе остане: од обете страни на светото подрачје и на градскиот имот - кон исток дваесет и пет илјади лакти, кон источната страна, и кон запад дваесет и пет илјади лакти, кон западната страна, наспоредно со другите подрачја - сè тоа е за кнезот. А во средината е светото подрачје и Светилиштето на Домот.

22. Од левитскиот имот и од градскиот имот што е во средината, му припаѓа на кнезот; и меѓу Јудиното и Венијаминовото подрачје: и тоа е на кнезот.

23. Другите племиња: од исток до запад - Венијаминов дел.

24. Покрај Венијаминовото подрачје, од исток до запад - Симеоновиот дел.

25. Покрај Симеоновото подрачје, од исток до запад - Исахаровиот дел.

26. Покрај Исахаровото подрачје, од исток до запад - Завулоновиот дел.

27. Покрај Завулоновото подрачје, од исток до запад - Гадовиот дел.

28. Покрај Гадовото подрачје, на јужната страна, кон југ, границата оди од Тамара до Меривските Води и до Кадис, па до потокот кон Големото Море.

29. Тоа е земјата што ќе им ја поделите со жрепка во наследство на Израелевите племиња, тоа се нивните делови” - говори Господ Бог.

30. И еве ги излезите на градот: на северната страна - четири илјади и пет стотини лакти.

31. Градските врати ќе бидат наречени според имињата на Израелевите племиња. Три врати кон север: Рувимовата Врата, Јудината Врата, Левиевата Врата.

32. Кон источната страна - четири илјади и пет стотини лакти - три врати: Јосифовата Врата, Венијаминовата Врата, Дановата Врата.

33. Кон јужната страна - четири илјади и пет стотини лакти - три врати: Симеоновата Врата, Исахаровата Врата, Завулоновата Врата.

34. Кон западната страна: четири илјади и пет стотини лакти - три врати: Гадовата Врата, Асировата Врата, Нефталимовата Врата.

35. Сè наоколу: осумнаесет илјади лакти. А името на градот ќе му биде: „Јахве Шама” („Господ Е Таму”).