поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5
  6. 6
  7. 7
  8. 8
  9. 9
  10. 10
  11. 11
  12. 12
  13. 13
  14. 14
  15. 15
  16. 16
  17. 17
  18. 18
  19. 19
  20. 20
  21. 21
  22. 22
  23. 23
  24. 24
  25. 25
  26. 26
  27. 27
  28. 28
  29. 29
  30. 30
  31. 31
  32. 32
  33. 33
  34. 34
  35. 35
  36. 36
  37. 37
  38. 38
  39. 39
  40. 40
  41. 41
  42. 42
  43. 43
  44. 44
  45. 45
  46. 46
  47. 47
  48. 48

Стар Завет

Нов Завет

Езекиел 1 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Во триесеттата година, во чет-вртиот месец, во петтиот ден, кога бев меѓу заробениците при реката Хевар, небесата се отворија, и јас видов Божјо видение.

2. Во петтиот ден на истиот месец - во петтата година откако го одведоа во ропство царот Јоаким -

3. Господовото слово му дојде на Езекиел, синот Вузиев, свештеник во Халдејската Земја, при реката Хевар. Господовата рака се спушти врз мене.

4. Погледав, кога ете од север удри силен виор, голем облак, пламнат оган обвиткан со сјај; среде него, среде огнот, нешто слично на сјајна ковина.

5. Среде тоа нешто како четири суштества по облик слични на човек;

6. секое од нив со четири лица, во секое четири крила.

7. Нозете им беа рамни, а стапалата како кај теле; светкаа како блескава бронза.

8. Под крилата имаа на сите четири страни човечки раце. И секое од четирите имаше свое лице и свои крила.

9. Крилата им се допираа едно со другото. Одејќи не се вртеа: секое се движе-ше напред.

10. И во сите четири суш-тества беше човечко лице, во сите четири оддесно лавско лице; во сите четири одлево воловско лице; и о-релско лице во сите четири.

11. Лицата им беа такви, а крилата им беа растегнати нагоре. Секое имаше две крила што се соединуваа и две крила со кои го покриваа телото.

12. И секој одеше само напред. А одеа онаму каде што духот ги гонеше. И одејќи не се завртуваа.

13. А среде тие суштества се гледаше нешто како некакви вжарени јаглења, како гламни што гореа, што се движеа меѓу нив; огнот светкаше, и молњи блескаа.

14. Суштествата трчаа и пак се враќаа како секавица.

15. Додека јас набљудував, ете: на земјата покрај секое од четирите суштества по едно тркало пред нивните лица.

16. Тркалата му беа слични на хрисолит, сите четири со ист облик; според обликот и правењето беа како едното тркало да е во другото.

17. При движењето можеа да одат во сите четири правци, а не требаа да се вратат.

18. А краевите им беа високи и страшни, а кога набљудував подобро, ете, на сите страни полни со очи.

19. Ка суштествата тргнуваа, тргнуваа со нив и тркалата, кога суштествата ќе се подигнеа од земјата, и тркалата се подигнуваа.

20. Каде што ги гонеше духот, таму се движеа, а заедно со нив се подигаа и тркалата, зашто духот на суштествата беше во тркалата.

21. Па кога суштествата ќе тргнеа, тргнуваа и колцата, а кога ќе застанеа тие, застануваа и тркалата, кога тие се подигаа од земјата, и тр-кала се подигаа со нив, зашто духот на суштествата беше во тркалата.

22. Над главите на суштествата беше нешто како небесен свод, сличен на сјајен кристал, распрострен над нивните глави.

23. А под сводот раскрилени крила, едно спрема другото: на секого по две крила му го покриваа телото.

24. Го чув летањето на нивните крила како шум на големи води, како глас на Сèсилниот, а гласот на зборувањето како глас на војска. Кога суштествата застануваа ги спуштаа крилата.

25. Од сводот над нивните глави се слушаше глас и кога застануваа, ги спуштаа своите крила.

26. Над сводот над нивните глави беше нешто како каменот сафир, како престол: на тоа како престол, горе на него слично на некој човек.

27. И видов како сјајна ковина, внатре и наоколу како оган; од неговата половина нагоре и од неговата половина надолу нешто како оган и како блесок на сите страни.

28. Тој блесок на сите страни беше како божилак што при дождовни денови се јавува во облакот. Тоа беше нешто како Господовата слава. Видов, паднав ничкум и чув глас што ми зборуваше.