поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5
  6. 6
  7. 7
  8. 8
  9. 9
  10. 10
  11. 11
  12. 12
  13. 13
  14. 14
  15. 15
  16. 16
  17. 17
  18. 18
  19. 19
  20. 20
  21. 21
  22. 22
  23. 23
  24. 24
  25. 25
  26. 26
  27. 27
  28. 28
  29. 29
  30. 30
  31. 31
  32. 32
  33. 33
  34. 34
  35. 35
  36. 36
  37. 37
  38. 38
  39. 39
  40. 40
  41. 41
  42. 42
  43. 43
  44. 44
  45. 45
  46. 46
  47. 47
  48. 48

Стар Завет

Нов Завет

Езекиел 44 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Потоа ме одведе назад кон надворешната врата на Светилиштето, што гледаше кон исток: беше затворена.

2. И Господ ми рече: „Оваа врата ќе биде затворена; нека не се отворува, и никој нека не влегува низ неа, зашто Јас, Господ, Израелевиот Бог, поминав низ неа - затоа нека биде затворена.

3. Само кнез, зашто е кнез, смее да седне тука и да јаде пред Господа; тогаш нека влезе низ тремот на вратата и нека излезе по истиот пат.”

4. Потоа ме одведе кон северната врата пред Домот. Погледнав, и ете: Господовата Слава го беше наполнила Господовиот Дом. Паднав на лице.

5. Господ ми рече: „Човечки сине, внимавај грижливо, гледај добро и слушај внимателно што ќе ти речам за сите уредби на Господовиот Дом и за сите Негови закони. Внимавај добро кој смее да влезе во Домот и кој е одделен од Светилиштето.

6. Речи му на бунтовничкиот род, на Израелевиот дом: ‘Господ Бог зборува вака: „Веќе се премногу вашите гадости, Израелев дому!

7. Воведувате туѓинци, со необрезано срце и со необрезано тело, та влегоа во Моето Светилиште и го обесветија Мојот дом додека вие ги принесувавте Мојот леб и мрсното и крвта, и така го раскинавте Мојот Завет, со сите тие расипаности.

8. Самите не ја чувавте Мојата светина, туку нив ги наместивте место себеси како чувари во Моето Светилиште.”

9. Господ Бог зборува вака: „Ниеден туѓинец, со необрезано срце и со необрезано тело, веќе да не влегува во Моето Светилиште - ниеден туѓинец кој живее меѓу Израелевите синови.

10. А левитите, кои се оддалечија од Мене, тогаш кога Израел заскита од Мене по своите идоли, ќе го носат своето беззаконие.

11. Ќе служат во Светилиштето само како стражари при вратите на Домот и како прислужници во Домот: ќе му колат на народот паленици и други жртви и ќе му бидат на служба.

12. Им служеа пред нивните кипови и така го наведоа Израелевиот дом на беззаконие. Затоа ја подигнав раката против нив - говори Господ Бог - да го носат своето беззаконие.

13. Веќе не ќе пристапуваат кон Мене за да Ми служат како свештеници, и не ќе им приоѓаат веќе на Моите најсвети светини, туку ќе ја носат својата срамота и расипаностите што ги направија.

14. Ќе ги поставам да работат во Домот секаква работа и сè што треба да свршат во Него.

15. Свештениците левити, Садоковите потомци, кои Ми служеа верно во Моето Светилиште, кога Израелевите синови отскитаа од Мене - тие смеат да Ми пристапуваат кон Мене за да Ми служат: ќе служат пред Мене принесувајќи Ми мрсно и крв - говори Господ Бог.

16. Тие смеат да влегуваат во Моето Светилиште и да пристапуваат кон Мојот стол, за да Ми служат и за да вршат службата.

17. Кога ќе влегуваат низ вратата на внатрешниот двор, нека облечат ленени облеки: нека нема врз нив ништо волнено кога ќе служат при вратата на внатрешното предворје и на Домот.

18. Нека носат ленени капи на главите, ленени гаќи околу половината: нека не се препашуваат со ништо од што би се потеле.

19. Кога ќе излегуваат во надворешниот двор кон народот, нека ги соблечат облеките во кои што служеа и нека ги остават во просториите на Светилиштето, а нека облечат други облеки, за да не го посветат народот со своите облеки.

20. И нека не ги бричат главите, а нека не пуштаат ни долги коси туку нека ја стрижат косата.

21. И ниеден свештеник, кога треба да влезе во внатрешниот двор, нека не пие вино.

22. Нека не се женат со вдовица или со разведена, туку само со девојка од Израелевиот род или со свештеникова вдовица.

23. Нека ми го учат народот: да го разликуваат светото од несветото, да го делат нечистото од чистото.

24. Тие нека бидат судии во спорови: нека судат по Моите закони и нека ги чуваат законите и уредбите за сите Мои празници, и нека ги празнуваат Моите саботи.

25. Нека не пристапуваат кон мртовец, за да не се онечистат; смеат да се обесветуваат само за татко и за мајка, за син и за ќерка, за брат и за сестра уште немажена.

26. Потоа, откако некој ќе се очисти нека му се бројат седум денови:

27. а тогаш, кога ќе влезе во Светилиштето, во внатрешниот двор, за да служи во Светилиштето, нека принесе жртва за грев” - зборува Господ Бог.