поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5
  6. 6
  7. 7
  8. 8
  9. 9
  10. 10
  11. 11
  12. 12
  13. 13
  14. 14
  15. 15
  16. 16
  17. 17
  18. 18
  19. 19
  20. 20
  21. 21
  22. 22
  23. 23
  24. 24
  25. 25
  26. 26
  27. 27
  28. 28
  29. 29
  30. 30
  31. 31
  32. 32
  33. 33
  34. 34
  35. 35
  36. 36
  37. 37
  38. 38
  39. 39
  40. 40
  41. 41
  42. 42
  43. 43
  44. 44
  45. 45
  46. 46
  47. 47
  48. 48

Стар Завет

Нов Завет

Езекиел 21 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. И ми дојде Господовото слово:

2. ”Човечки сине, сврти го лицето кон Ерусалим и произнеси беседа против неговото Светилиште, и пророкувај против Израелевата Земја.

3. Речи и на Израелевата Земја: ‘Господ Бог зборува вака: „Еве Ме против тебе! Ќе го истргам мечот од ножницата, ќе ги истребам од тебе сите, и праведните и безбожните.

4. За да ги истребам од тебе праведникот и безбожникот, еве ќе го извлечам мечот од ножницата против секое тело, од север до југ.

5. И секое тело ќе сознае дека Јас, Господ, го истргав Својот меч од ножницата и дека никогаш веќе не ќе го вратам!”‘

6. А ти, човечки сине, воздивнувај како да ти се искршени сите ребра, воздивнувај горко, пред нивните очи!

7. Ако ли те прашаат: ‘Што лелекаш толку?’ Речи им: ‘Заради веста што пристигна, од која ќе премрат сите срца и ќе се обесилат сите раце, секој дух ќе биде нерасположен и секое колено ќе трепери. Еве, доаѓа, веќе е тука!’ Така зборува Господ.”

8. И ми дојде Господово слово:

9. ”Човечки сине, пророкувај: ‘Вака зборува Господ Бог. Речи: ‘Меч! Меч! Наострен и светнат!

10. Наострен за колеж, светнат за да светка.

11. Светнат за да го прифати рака, наострен меч, светнат, за да се стави во раката на убиецот.’

12. А ти, човечки сине, плачи, тажи! Зашто еве, мечот е веќе извлечен против Мојот народ, меч против Израелевите кнезови: сите тие со Мојот народ му се предадени на мечот! Затоа удри се во слабините.

13. Искушението дојде, и веќе не ќе има отфрлен жезал - говори Господ Бог.

14. А ти човечки сине, пророкувај и плескај со рацете. Нека се удвои, нека се утрои, тој меч на колеж, меч на голем колеж што ги опкружува отсекаде.

15. За да затреперат срцата, за да бидат неброени жртви, поставив меч на секоја врата, подготвен како молња да светка, наострен за колежи.

16. Назад! Десно! Напред! Лево!

17. И Јас ќе плескам со рацете, ќе го излеам Својот гнев врз нив Јас, Господ, реков!”

18. И ми дојде Господово слово:

19. ”Човечки сине, зацртај два пата каде да тргне мечот на вавилонскиот цар. Двата пата нека излегуваат од иста земја! На раскрсницата на патот кон градот остави патоказ.

20. Зацртај му на мечот пат за да дојде во Рава Бе-Амон и во Јудеја, во утврдениот Ерусалим.

21. Зашто вавилонскиот цар стои на почетокот на патот, на двата пата, и ги прашува знаците - ги меша волшебните стрели, ги распрашува идолите и гледа во црн дроб.

22. Знаците во десницата му велат: на Ерусалим; за да намести таму ѕидокршачи, да нареди колеж, да подигне ѕидокршачи против вратите, да насипе насип и да изгради опсадни стражарници.

23. Но ним ќе им се стори дека знакот е лажен, зашто му се заколнаа на верност. Но тогаш тој ќе ги потсети на нивното неверство во кое се фатија.

24. Затоа, Господ Бог зборува вака: ‘Зашто непрекратно потсетувате на своите беззаконија, откривајќи ги опачините и покажувајќи ги гревовите во сите свои дела - да, зашто непрекратно потсетувате на нив, во нив ќе се фатите.

25. А тебе, нечесен и безбожен Израелев водачу, тебе ти дојде денот и часот на последниот злостор.’

26. Господ Бог зборува вака: ‘Извади ја капата од главата и остави го царскиот венец! Зашто сè се менува: кој беше долу, ќе биде возвишен, а кој беше горе ќе биде понижен.

27. урнатини, урнатини, ќе поставам урнатини какви што не биле, додека не дојде Оној Кој ќе суди, зашто Јас ќе Му Го предадам судот.’

28. Човечки сине, пророкувај: ‘Вака им зборува Господ Бог на Амоновите синови за нивниот срам.’ Речи: ‘Меч! Меч истрган и наострен за колеж, за да сече, за да светка како молња,

29. а дотогаш тебе напразно ти привидуваат, ти пророкуваат лага - за да се стави под вратот на злогласните злосторници, на кои ете, им дојде денот и часот на последниот злочин!

30. Но врати го мечот во ножницата! Во местото каде што си станал, во земјата во која што си се родил, Јас ќе ти судам.

31. Таму ќе го излеам Својот гнев врз тебе и ќе го раздувам против тебе пламенот на Својата расрденост, и ќе те предадам во рацете на жестоки луѓе, вешти погубувачи.

32. И ќе му бидеш храна на огнот, а твојата крв ќе тече по земјата. И никој жив веќе не ќе те спомнува! Зашто Јас Господ, реков така.’”