поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5
  6. 6
  7. 7
  8. 8
  9. 9
  10. 10
  11. 11
  12. 12
  13. 13
  14. 14
  15. 15
  16. 16
  17. 17
  18. 18
  19. 19
  20. 20
  21. 21
  22. 22
  23. 23
  24. 24
  25. 25
  26. 26
  27. 27
  28. 28
  29. 29
  30. 30
  31. 31
  32. 32
  33. 33
  34. 34
  35. 35
  36. 36
  37. 37
  38. 38
  39. 39
  40. 40
  41. 41
  42. 42
  43. 43
  44. 44
  45. 45
  46. 46
  47. 47
  48. 48

Стар Завет

Нов Завет

Езекиел 45 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. ”Кога ќе ја делите земјата со жрепка во наследство, принесете Му како задржан принос на Господа еден свет дел од земјата долг дваесет и пет илјади лакти, широк десет илјади; тоа нека биде свето подрачје вдолж и напреку.

2. Од тоа за Светилиштето нека биде четвртесто од пет стотини лакти и чистинка од педесет лакти наоколу.

3. Од тоа подрачје измери во должина дваесет и пет илјади лакти, а во ширина десет илјади: тука нека биде Светилиште - Светина над Светините.

4. Тој свет дел од земјата им припаѓа на свештениците, кои служат во Светилиштето и кои пристапуваат кон Господа за да му служат: таму нека им биде местото за куќи; и тоа нека е свето место што му припаѓа на Светилиштето.

5. Дваесет и пет илјади во должина и десет илјади во широчина нека им бидат на левитите, кои му служат на Домот таму нека изградат градови во кои ќе живеат.

6. За сопственост на градот доделете пет илјади лакти во ширина и дваесет и пет илјади во должина, наспоредно со светото подрачје, тоа ќе му припаѓа на сиот Израелев дом.

7. На кнезот му припаѓа делот од двете страни на светото подрачје и на градскиот недвижен имот - вдолж на светото подрачје и долж на градската сопственост - од западната страна кон запад и од источната страна кон исток, а должината нека му биде еднаква на секој тој дел, од западната до источната граница.

8. Тоа нека биде негова земја, имот во Израел, за да не го угнетуваат веќе кнезовите Мојот народ и за да му ја дадат земјата на Израелевиот дом по племиња.”

9. Господ Бог зборува вака: „Доста е, Израелеви кнезови! Откажете се од насилството и од грабежот и вршете ги законот и правдата; избавете го Мојот народ од своите побарувачки - говори Господ Бог.

10. Мерете со права мерка: со права ефа и со ват.

11. Ефата и ватот нека опфаќаат еднаков обем; ватот нека изнесува десет хомери и ефата десет хомери - мерата нека им биде според хомерот.

12. Шекелот нека биде дваесет гера; мината нека ви биде: дваесет шекели, дваесет и пет шекели, и петнаесет шекели.

13. Ова е приносот што ќе го принесувате: шестина ефа од секој хомер пченица, и шестина ефа од секој хомер јачмен.

14. А ова е уредбата за маслото: десетина ват од секој кор - десет вата е еден хомер, и десет вата е еден кор.

15. Од секое стадо од двеста овци од сочните Израелеви пасишта по една овца за жртва приносница, паленица и благодарница - вам за помирување - говори Господ Бог.

16. Сиот народ на земјата му го должи овој принос на Израелевиот кнез.

17. А кнезот е должен да дава жртви паленици, лебни приноси и налевници за празници и за млади месечини, за саботи и за сите прослави на Израелевиот дом: тој нека принесува жртва за грев, лебен принос и благодарница за покривање на гревот на Израелевиот дом.”

18. Господ Бог зборува вака: „Во првиот месец, во првиот ден во месецот, земи јунче без недостаток и да го очистиш со него Светилиштето.

19. Свештеникот нека земе крв од жртвата за грев и нека со неа ги намачка довратниците на Домот и сите четири агли на жртвеничкиот појас и довратниците на вратата на внатрешниот двор.

20. Така нека направи и во седмиот ден на истиот месец за секој кој згрешил од слабост и од незнаење. Така ќе го довршите очистувањето на Домот

21. Во првиот месец, во четиринаесеттиот ден на месецот, празнувајте ја Пасхата, седмодневен празник, кога се јадат бесквасните лебови.

22. Во тој ден кнезот нека принесе за себе и за сиот народ на земјата, јунче за жртва за грев.

23. Во седумте денови на празникот нека принесува за паленица на Господ седум јунчиња и седум овни без недостаток - за секој ден на тие седум денови - и во секој ден јарец како жртва за грев.

24. А лебниот принос тој нека го принесува по ефа на секој јунец и по ефа на овен и по ин масло на секоја ефа.

25. Во седмиот месец, во петнаесеттиот ден на месецот, нека на празникот принесува исто толку во седумте денови: исто толку жртви за грев, паленици, лебни приноси и масло.”