поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5
  6. 6
  7. 7
  8. 8
  9. 9
  10. 10
  11. 11
  12. 12
  13. 13
  14. 14
  15. 15
  16. 16
  17. 17
  18. 18
  19. 19
  20. 20
  21. 21
  22. 22
  23. 23
  24. 24
  25. 25
  26. 26
  27. 27
  28. 28
  29. 29
  30. 30
  31. 31
  32. 32
  33. 33
  34. 34
  35. 35
  36. 36
  37. 37
  38. 38
  39. 39
  40. 40
  41. 41
  42. 42
  43. 43
  44. 44
  45. 45
  46. 46
  47. 47
  48. 48

Стар Завет

Нов Завет

Езекиел 13 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. И пак ми дојде Господово слово:

2. ”Човечки сине! Пророкувај против оние што се прават пророци во Израел!

3. Речи им на тие пророци што пророкуваат според својата глава: ‘Чујте го Господовото слово! Господ Бог зборува вака: „Тешко им на безумните пророци кои што го следат својот дух, а ништо не гледаат!

4. Тие твои пророци Израелу, се како лисици меѓу урнатини.

5. Вие не се искачивте на проломите и не ѕидавте ѕид околу Израелевиот дом, за да се одржи во борба во Господовиот ден.

6. Нивните привиди се суетни, и лажни се нивните пророкувања. Зборуваат: ‘Господово слово!’ - а Господ не ги испратил. И уште чекаат дека ќе им се исполнат зборовите.

7. Зар не гледате дека виденијата ви се празни и дека ви се лажни пророкувањата кога велите: ‘Господово слово!’ - а Јас не зборував.”

8. Затоа Господ, Господ, зборува вака: „Затоа што зборувате суетно и гледате лага, еве Ме против вас - зборува Господ Бог!

9. Еве Ме, Мојата рака ќе биде против пророците што гледаат суетно и што пророкуваат лага: не ќе бидат веќе во собирот на Мојот народ, не ќе бидат запишани во книгата на Израелевиот дом, никогаш веќе не ќе стапат на Израелева почва! И ќе знаат дека Јас Сум, Господ Бог.

10. Зошто го измамуваат Мојот народ велејќи: ‘Мир’, кога мир нема. И додека едните одат за да се зацврсти ѕидот, тие сакаат само да се намачка со вар.

11. Речи им на оние кои што сакаат само да се намачка: ‘Ќе падне! Ќе удри силен поројник, ќе фрлам на него град како камења, ќе беснеат буроносни виори.

12. Еве, ѕидот ќе падне! Не ќе ли ве прашаат тогаш: Каде е сега варта со која го измачкавте?’”

13. Затоа Господ, Господ, зборува вака: „Во Својата јарост ќе ги разбеснам буроносните виори, во Својата расрденост ќе го удрам со силен пороен дожд за да го затрам; во гнев ќе фрлам врз него град како камења.

14. Ќе го разурнам ѕидот што вие го варосавте со вар, ќе го урнам на земја, за да му се разголат основите. Ѕидот ќе падне, и вие ќе загинете под него! Тогаш ќе знаете дека Јас Сум Господ!

15. Така ќе го излеам Својот гнев над ѕидот и над оние што го варосаа со вар. А вам ќе ви речам: ‘Нема веќе ѕид! Ги нема оние што го намачкаа со вар.

16. Ги нема израелевите пророци кои што му пророкуваа на Ерусалим и кои што му навестуваа мир кога немаше мир.’” Така зборува Господ Бог.

17. ”Човечки сине, сврти го своето лице против ќерките на својот народ, кои што пророкуваат според својата глава! Пророкувај против нив:

18. ’Господ, Господ, зборува вака: „Тешко им на оние што везат везови за сечии раце и што прават покривки за глави од секоја големина, за да уловат души! Мислите ли да ги уловите сите души на Мојот народ, а своите души да ги запазите живи?

19. Ми ја одземате честа пред Мојот народ за грст јачмен, за залак леб, убивајќи ги душите што не би требале да умрат, а спасувајќи ги оние што не би требале да живеат; и така го измамувате Мојот народ што со задоволство ги слуша вашите лаги.”

20. Затоа Господ Бог, зборува вака: „Еве Ме против вашите везови, со кои ги ловите душите како птици! Ќе го растргам се тоа во вашите раце и ќе ги ослободам душите што ги фаќате со тоа како птици!

21. Ќе ги искинам вашите покривки и ќе го ослободам Својот народ, за да не биде веќе плен на вашите раце. И ќе знаете дека Јас Сум Господ!”‘“

22. Зашто вие со лага го ожалостивте срцето на праведникот, што Јас не сакав да го ожалостам, а ги закрепивте рацете на безбожникот, за да не се одврати од лошиот безбожнички пат, па да го спаси животот.

23. Затоа веќе не ќе гледате суетно, ниту ќе пророкувате лага: Јас ќе го ослободам Својот народ од вашите раце. И ќе знаете дека Јас Сум Господ!’”