поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5
  6. 6
  7. 7
  8. 8
  9. 9
  10. 10
  11. 11
  12. 12
  13. 13
  14. 14
  15. 15
  16. 16
  17. 17
  18. 18
  19. 19
  20. 20
  21. 21
  22. 22
  23. 23
  24. 24
  25. 25
  26. 26
  27. 27
  28. 28
  29. 29
  30. 30
  31. 31
  32. 32
  33. 33
  34. 34
  35. 35
  36. 36
  37. 37
  38. 38
  39. 39
  40. 40
  41. 41
  42. 42
  43. 43
  44. 44
  45. 45
  46. 46
  47. 47
  48. 48

Стар Завет

Нов Завет

Езекиел 5 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. А ти, човечки сине, земи наострен меч, земи го како брич за бричење, и избричи ги главата и брадата. Потоа земи мерилки и раздели.

2. Третинката изгори ја во средината на градот со оган кога ќе се исполнат деновите на твојата опсада; третинката земи ја и исечи ја со меч околу градот; третинката фрли ја во ветер - и ќе го истргам Својот меч против нив.

3. Земи малку и врзи го во скутот на облеката.

4. Од тоа пак земи нешто, фрли го во оган и изгори го: оттаму ќе се разгори оган за сиот Израелев дом!

5. Господ Бог зборува вака: ‘Ова е Ерусалим! Го поставив во средиштето на народите, го опкружив со земји!

6. Но тој им се спротивстави на Моите наредби повеќе отколку незнабошците, на Моите закони повеќе, отколку земјите што го опкружуваат.’

7. Затоа вака зборува Господ Бог: ‘Побунтовни сте од народите кои ве опкружуваат, не одите по Моите закони и не ги исполнувате ни Моите наредби, ни наредбите на околните народи.

8. Затоа вака зборува Господ Бог: ‘Еве Ме и Мене против тебе! Ќе го извршам Својот суд над тебе пред очите на сите народи.

9. Заради твоите гадости ќе направам со тебе што никогаш не сум направил ниту ќе направам некогаш:

10. среде тебе татковците ќе ги јадат синовите, а синовите татковците, ќе го извршам Својот суд над тебе и сиот твој остаток ќе им го предадам на сите ветрови!

11. Затоа животот Ми Мој! - Говори Господ Бог - со секакви грозности и гадости ти навистина го обесвети Моето Светилиште. И јас сега ќе те намалам и Моето око не ќе се сожали и нема да се смилува:

12. третината од твоите жители ќе завршат среде тебе од помор и ќе умрат од глад; третината ќе падне од меч околу тебе; третината ќе им ја предадам на ветровите, и Мојот меч ќе го истргам против нив!

13. Така ќе го излеам Мојот гнев, и Мојата јарост ќе се смири кога ќе Се задоволам и кога ќе ја излеам Мојата јарост, над нив, ќе сознаат дека тоа Јас, Господ, го реков во Мојата ревност.

14. Ќе те отпуштам, ќе те подложам на потсмев на народите кои те опкружуваат, пред очите на сите минувачи.

15. Да, ќе бидеш за укор и срам, опомена и ужас за околните народи, кога ќе ги извршам против тебе сите Свои судови казнувајќи гневно, јаросно. Јас , Господ, реков!

16. И кога на вас ќе ги пуштам лутите стрели на гладот, што сотруваат што ќе ги пуштам на вас, за да ве уништам и за да ве сотрам со глад, ќе ви ја уништам и последната поткрепа во леб.

17. А освен гладот ќе пуштам на вас и лути ѕверови, што ќе ти ги раскинуваат децата; помор и крв ќе те преплават: ќе те свртам под Својот меч. Јас, Господ, реков!’”