поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5
  6. 6
  7. 7
  8. 8
  9. 9
  10. 10
  11. 11
  12. 12
  13. 13
  14. 14
  15. 15
  16. 16
  17. 17
  18. 18
  19. 19
  20. 20
  21. 21
  22. 22
  23. 23
  24. 24
  25. 25
  26. 26
  27. 27
  28. 28
  29. 29
  30. 30
  31. 31
  32. 32
  33. 33
  34. 34
  35. 35
  36. 36
  37. 37
  38. 38
  39. 39
  40. 40
  41. 41
  42. 42
  43. 43
  44. 44
  45. 45
  46. 46
  47. 47
  48. 48

Стар Завет

Нов Завет

Езекиел 28 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. И ми дојде Господово слово:

2. „Човечки сине, кажи му на тирскиот кнез: ‘Господ Бог зборува вака: „Твоето срце се возгордеа, ти рече: ‘Јас сум Бог! Седам на Божјиот престол во срцето на морето’ Иако си човек, а не Бог, ти го изедначи твоето срце со Божјото.

3. Ете, беше помудар од Даниел, ниедна тајна не ти беше скриена!

4. Со својата мудрост и разум насобра богатства, ја наполни ризницата со сребро и злато!

5. Со твојата голема мудрост со посредство на твојата трговија го умножи твоето богатство! Но твоето срце се возгордеа од богатството.”

6. Затоа Господ Бог зборува вака: „Зашто своето срце го изедначи со Божјото,

7. еве, ќе доведам против тебе туѓинци, најнасилни меѓу народите. Ќе ги извлечат мечевите против твојата прекрасна мудрост, и ќе ти ја помрачат убавината,

8. ќе те фрлат во јама за да умреш со насилна смрт од оние што умираат на морската широчина!

9. Ќе речеш ли тогаш пред крвникот: ‘Јас сум Бог’? Човек си, а не Бог во рацете на своите убијци.

10. Ќе умреш со смртта на необрезаните од туѓинска рака! Зашто Јас, Господ го реков тоа - говори Господ Бог.’”

11. И ми дојде Господово слово:

12. ”Човечки сине, залелекај тажачка над тирскиот цар. Речи му: ‘Господ Бог зборува вака: „Ете, ти беше примерок на совршенство, полн со мудрост и чудесно убав!

13. Во Едом во Божјата градина, живееше ти, твоето облекло беше украсено со секаков сард, топаз и дијамант, хрисолит, оникс и јаспис, сафир, смарагд и злато. Беа направени тапани и кавали, на денот на твоето раѓање беа подготвени.

14. Те поставив како раскрилен херув, заштитник: беше на светата Божја Гора, одеше сред огнено камење.

15. Совршен беше по своите патишта од денот на своето создавање додека не ти се зачна беззаконие во срцето.

16. Тргувајќи изобилно се наполни со насилство и згреши. Така те отфрлив од Божјата Гора, те истргав, херуву заштитнику, од средината на огнените камења.

17. Срцето ти се возгордеа заради твојата убавина, ја занемари својата мудрост, заради своето богатство! Те фрлив на земја и те предадов на земните цареви за да те гледаат презирно.

18. Со мноштвото на своето беззаконие, со нечесно тргување, ги обесвети своите светилишта! Пуштив оган сред тебе за да те проголта. Те претворив во пепел на земјата пред очите на оние што те набљудуваат.

19. Сите кои те познаваат меѓу народите, се згрозија над тебе! Зашто ти стана страшило, те снема засекогаш!”‘“

20. И ми дојде Господово слово:

21. ”Човечки сине, сврти го лицето кон Сидон, пророкувај против него.

22. Речи: ‘Господ Бог зборува вака: „Еве, Сидону, против тебе, ќе се прославам сред тебе! И ќе се знае дека Јас Сум Господ, кога ќе го извршам судот над нив, и кога ќе ја покажам Мојата светост во него.

23. И ќе го испратам поморот против него и крв по неговите улици; и мртви ќе паѓаат сред него од меч што ти се заканува отсекаде, и тогаш ќе се знае дека Јас Сум Господ.

24. И веќе не ќе има за Израелевиот дом трн што ранува ниту осило што раскинува меѓу сите наоколу што го презираат! И ќе се знае дека Јас Сум Господ Бог!”

25. Господ Бог зборува вака: „А кога ќе го соберам сиот Израелев дом од народите низ кои се распрснати, ќе ја пројавам во нив Мојата светост пред очите на народите. И ќе се настанат во својата земја, што му ја дадов на Мојот слуга Јаков.

26. И ќе живеат на мир во неа, ќе градат домови и ќе садат лозја. Ќе живеат во безопасност, додека не го извршам Мојот суд над сите кои што ги презираа наоколу. Ќе знаат дека Јас Сум Господ нивен Бог.”‘“