поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5
  6. 6
  7. 7
  8. 8
  9. 9
  10. 10
  11. 11
  12. 12
  13. 13
  14. 14
  15. 15
  16. 16
  17. 17
  18. 18
  19. 19
  20. 20
  21. 21
  22. 22
  23. 23
  24. 24
  25. 25
  26. 26
  27. 27
  28. 28
  29. 29
  30. 30
  31. 31

Стар Завет

Нов Завет

Изреки 27 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Не фали се со утрешниот ден, зашто не знаеш што може денот да донесе.

2. Нека те фали друг, а не твојата уста, туѓинец - а не твоите усни.

3. Каменот е тежок и песокот е тежок, ама и од двете е потежок безумниковиот бес.

4. Јароста е свирепа и гневот е жесток, но кој ќе и одолее на љубомората?

5. Јавниот укор е подобар, отколку лажната љубов.

6. Ударите од пријателот се искрени, а бакнежите на непријателот, изобилни.

7. Наситената душа го презира медот, а на гладната, и сè горчливо - му е слатко.

8. Како птица далеку од своето гнездо, таков е човекот, кој е далеку од својот роден крај.

9. Како што маслото и мирисот го веселат срцето, така и сладоста на пријателот преку срдечен совет.

10. Не оставај ги: својот пријател, ни татковиот пријател, и не влегувај во братовата куќа, кога си во несреќа; подобар е соседот во близина, отколку братот далеку.

11. Биди мудар, сине мој, и зарадувај ми го срцето, за да можам да му одговорам на оној, кој ме укорува.

12. Умниот човек го забележува злото и се засолнува, а глупаците одат безгрижно и страдаат.

13. Земи му ја облеката на оној, кој емчи за друг, и ограби го место туѓинецот.

14. Кој го поздравува својот пријател гласно, а рано наутро, тоа му се смета како клетва.

15. Покривот што прокиснува за време на пороен дожд и препирлива жена - едно исто се,

16. кој неа ја крие, го крие ветерот и фаќа масло со десницата.

17. Железо се остри со железо, и човекот го остри лицето на својот пријател.

18. Кој ја чува смоквата, јаде од нејзиниот плод, и кој го чува својот господар, ќе биде почитуван.

19. Како што во водата се одразува лице од лице, така и срцето го одразува човекот.

20. Смртта и Пропаста не можат да се заситат, а така ни човечките очи.

21. Топилницата е за сребро и печката за злато, а човекот се познава по устата што го фали.

22. Да го истолчиш безумникот со толчник во сад за толчење со зрна, пак неговото безумство нема да го остави.

23. Грижи се внимателно за својот добиток, и грижи се за стадата,

24. зашто богатството не трае довека; ниту круната од колено до колено.

25. Кога тревата никнува и зеленило се покажува и се собира планинското билје,

26. тогаш јагнињата ти се за облека, и јарињата за купување на ниви;

27. тогаш имаш во изобилство козјо млеко за своја храна и за храна на својот дом, и за исхрана на своите прислужнички.