поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5
  6. 6
  7. 7
  8. 8
  9. 9
  10. 10
  11. 11
  12. 12
  13. 13
  14. 14
  15. 15
  16. 16
  17. 17
  18. 18
  19. 19
  20. 20
  21. 21
  22. 22
  23. 23
  24. 24
  25. 25
  26. 26
  27. 27
  28. 28
  29. 29
  30. 30
  31. 31

Стар Завет

Нов Завет

Изреки 4 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Слушајте ја, деца, татковата поука и внимавајте за да ја сознаете мудроста,

2. зашто ви давам добра наука: Не оставајте го мојот закон.

3. И јас бев син на својот татко и нежен единец на својата мајка;

4. и тој ме учеше и ми зборуваше: „Задржи ги моите зборови во своето срце, почитувај ги моите заповеди, и ќе живееш.

5. Придобивај мудрост, придобивај разум, не ги заборавај и не отстапувај од зборовите на мојата уста.

6. Не ја оставај, и ќе те чува; љуби ја и ќе те одбрани.

7. Почетокот на мудроста е: придобивај мудрост за себе и со сиот свој имот придобивај разум.

8. Величај ја и ќе те возвиши; кога ќе ја прегрнеш ќе ти донесе слава,

9. ќе ти стави прекрасен венец на главата, и ќе ти подари славна круна.”

10. Послушај, сине мој, прими ги моите зборови и ќе се умножат годините на твојот живот.

11. Те поучив на патот на мудроста, те вратив на правите патеки.

12. Не ќе ти се заплеткаат чекорите кога ќе почнеш да одиш; ако се растрчаш, нема да се сопнеш.

13. Држи се цврсто за поуката, не ја пуштај, пази ја, зашто таа ти е живот.

14. Не оди по патеките на нечесните и не оди по патот на лошите.

15. Остави го, не оди по него, отстранувај се од него и заобиколувај го,

16. зашто тие не спијат ако не направат зло, и сонот не им иде ако не го голтнат некого.

17. Зашто го јадат лебот на нечесноста и го пијат виното на насилништвото.

18. А праведничката патека е како светлината на разденувањето, што е сè појасна до полниот ден.

19. А патот на нечесните е како темнина, не знаат на што ќе се сопнат.

20. Сине мој, внимавај на моите зборови, наведни го своето уво кон моите беседи;

21. не ги губи никогаш од пред очите, пази ги среде своето срце;

22. зашто се живот за оние кои ги наоѓаат и исцелување на сето нивно тело.

23. А над сè чувај го своето срце, зашто животот извира од него.

24. Држи ја далеку од себе лажливата уста, и оддалечувај ги од себе измамливите усни.

25. Нека твоите очи гледаат право напред, и нека твојот поглед биде секогаш прав.

26. Внимавај на патеката по која одиш, и нека сите твои патишта бидат постојани.

27. Не свртувај ни десно ни лево; држи ја својата нога далеку од злото.