поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5
  6. 6
  7. 7
  8. 8
  9. 9
  10. 10
  11. 11
  12. 12
  13. 13
  14. 14
  15. 15
  16. 16
  17. 17
  18. 18
  19. 19
  20. 20
  21. 21
  22. 22
  23. 23
  24. 24
  25. 25
  26. 26
  27. 27
  28. 28
  29. 29
  30. 30
  31. 31

Стар Завет

Нов Завет

Изреки 16 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Човекот смислува во срцето, а од Господа е што ќе одговори јазикот.

2. На човекот сите негови патишта му изгледаат чисти, а Господ ги испитува духовите.

3. Препушти му ги на Господа своите дела, и твоите намери ќе се сигурни.

4. Господ создаде сè за сопствена цел, па и нечесниот за денот на злото.

5. Омразен Му е на Господа секој со гордо срце, таков навистина не останува без казна.

6. Со милост и вистина се очистува неправдата, и со стравот од Господа се отстранува злото.

7. Кога на Господа Му се мили човековите патишта и неговите непријатели ги помирува со него.

8. Подобро е малку со правда, отколку големи приходи со неправда.

9. Човековото срце го смислува својот пат, но Господ ги управува неговите чекори.

10. Вдахновена одлука е во усните на царот: неговата уста нема да згреши во пресудата.

11. Чесните ваги и премерувањата Му припаѓаат на Господа; сите тегови во торбите се Негово дело.

12. Омразено им е на царевите да се врши беззаконие, зашто престолот се уцврстува со правда.

13. Пријатни им се на царевите праведни усни, и тие го љубат оној кој зборува вистина.

14. Царевиот гнев е вестител на смртта, но мудриот човек го ублажува.

15. Во ведрото лице на царот е живот, и неговата милост е како облак со пролетен дожд.

16. Пополезно е да се стекне мудрост, отколку злато, и придобивањето на разум е поскапоцено, отколку среброто.

17. Патот на праведните е: да се отстрануваат од злото, и кој внимава на својот пат, го чува својот живот.

18. Гордоста врви пред гибелта, и високоумноста пред паѓањето.

19. Подобро е да се биде кроток со понизните, отколку да се дели плен со горделивите.

20. Кој внимава на зборот, наоѓа добро, и кој се надева на Господа, блажен е.

21. Мудриот во срцето се наречува разумен, и слаткото зборување го зголемува знаењето.

22. Разумот е извор на живот на оние што го имаат, а на безумните им е казна нивната глупост.

23. Срцето на мудрецот ја вразумува неговата уста; му го умножува знаењето на усните.

24. Љубезните зборови се мед во саќи, сладост на душата и лек на коските.

25. Некој пат му се чини прав на човекот, а на крајот води кон смртта.

26. Гладот на трудбеникот работи за него, зашто го тера неговата уста.

27. Никаквецот приготвува само зло и во усните му е пламенен оган.

28. Лукавиот човек сее раздор, и клеветникот ги разделува најверните пријателите.

29. Насилникот го заведува својот ближен и го наведува на лош пат.

30. Кој намигнува со очите, смислува опакост, а кој ги стиска усните, веќе смислил пакост.

31. Седите коси се венец на слава; се наоѓаат на патот на правдата.

32. Кој е долготрпелив подобар е од јунакот, и кој владее со себе, подобар е од освојувачот на град.

33. Во пазувата се фрла жрепката, но од Господа е секоја одлука.