поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5
  6. 6
  7. 7
  8. 8
  9. 9
  10. 10
  11. 11
  12. 12
  13. 13
  14. 14
  15. 15
  16. 16
  17. 17
  18. 18
  19. 19
  20. 20
  21. 21
  22. 22
  23. 23
  24. 24
  25. 25
  26. 26
  27. 27
  28. 28
  29. 29
  30. 30
  31. 31

Стар Завет

Нов Завет

Изреки 13 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Мудриот син ја слуша татковата поука, а потсмевачот не го слуша изобличувањето.

2. Од плодот на својата уста човекот ја ужива добрината, а срцето на беззакониците е полно со насилство.

3. Кој ја пази својата уста го пази својот живот, а кој зборува невнимателно, за главата му е.

4. Душата на мрзливиот сака но без успех, а ќе се исполни желбата на трудољубивите.

5. Праведникот мрази лажлив збор, а нечесниот постапува нечесно и срамно.

6. Правдата го чува непорочниот во патот, а гревот го сосипува грешникот.

7. Некој се преправа на богат, а нема ништо; некој се преправа на беден, а има големо богатство.

8. Со своето богатство човекот го откупува животот, а бедниот не ги слуша заплашувањата.

9. Светлината на праведните секогаш е радост, а светилката на нечесниот гаси.

10. Гордоста раѓа само препирки, а мудроста е во оние, кои примаат совет.

11. Со измама придобиено богатство исчезнува, а кој собира со труд, го умножува.

12. Одложуваната надеж го изнемоштува срцето, а исполнетата желба е дрво на животот.

13. Кој го презира словото, тој пропаѓа, а кој ги почитува заповедите, добива плата.

14. Поуката на мудриот е животен извор, таа избавува од примките на смртта.

15. Добриот разум прибавува пријатност, а патот на беззакониците е нерамен.

16. Секој умен дејствува промислено, а безумникот се фали со својата лудост.

17. Лошиот гласник паѓа во зло, а верниот пратеник донесува исцеление.

18. Сиромаштија и срам ќе дојде за оној, кој ја отфрла поуката, а кој го прима укорот ќе дојде до чест.

19. Слатка и е на душата исполнетата желба, а на безумниците им е омразено да се отстрануваат од злото.

20. Дружи се со мудрите, и ќе станеш мудар, а кој другарува со безумниците станува лош.

21. Злото ги гони грешниците, а доброто е награда на праведните.

22. Добриот човек го остава наследството на своите внуци, а богатството на грешникот се чува за праведникот.

23. Изобилно храна има на нивата на сиромасите, а има и кој пропаѓа од неправеден суд.

24. Кој ја штеди прачката, го мрази својот син, а кој го љуби, го казнува на време.

25. Праведикот има јадење до ситка, а стомакот на нечесните ја познава скудноста.