поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5
  6. 6
  7. 7
  8. 8
  9. 9
  10. 10
  11. 11
  12. 12
  13. 13
  14. 14
  15. 15
  16. 16
  17. 17
  18. 18
  19. 19
  20. 20
  21. 21
  22. 22
  23. 23
  24. 24
  25. 25
  26. 26
  27. 27
  28. 28
  29. 29
  30. 30
  31. 31

Стар Завет

Нов Завет

Изреки 22 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Добро име е подобро од големо богатство, и подобра е милоста од сребро и злато.

2. Богатиот и сиромавиот се сретнуваат: Господ ги создаде двајцата.

3. Претпазливиот го предвидува злото и се скрива, а неразумните одат напред, и претрпуваат казна.

4. Наградата за понизност е: страв од Господа, богатство, слава и живот.

5. Трње и примки се на патот на измамникот; кој го чува својот живот, далеку е од двете.

6. Упатувај го детето по неговиот пат, па кога и ќе остари, нема да отстапи од него.

7. Богатиот владее над бедните, а должникот е слуга на позајмувачот.

8. Кој сее неправда - жнее жалост, и прачката на неговиот гнев ќе го удри него - самиот.

9. Милостивото око бидува благословено, зашто дава од својот леб на бедниот.

10. Истерај го потсмевачот и ќе прекрати раздорот, и ќе исчезнат неслогата и навредата.

11. Тој кој љуби чисто срце, и кој има љубезни усни, царот му е пријател.

12. Господовиот поглед го чува знаењето, а Тој ги отфрлува зборовите на неверникот.

13. Мрзливецот вели: „Лавот е надвор, би ме убил среде улицата.”

14. Устата на блудницата е длабока јама, и на кого се лути Господ, паѓа таму.

15. Глупоста се прилепува до срцето на детето, прачката на поуката ја отстранува од него.

16. Кој го угнетува бедниот за да се збогати, и кој дава на богатиот - ќе осиромашат.

17. Беседи на мудреците: наведни го увото и чуј го моето слово и земи го при срце моето знаење,

18. зашто е пријатно ако ги пазиш во твојата внатрешност и ако ти бидат на твоите усни.

19. За да биде твојата надеж во Господа, денес те поучувам и тебе.

20. Ти напишав триесет пати што совети, што поуки,

21. за да те поучам на зборовите на вистината, да можеш со веродостојни зборови да му одговориш на оној, кој ќе те запраша.

22. Не ограбувај го бедниот зашто е беден, и не гази го сиромашниот во судот,

23. зашто Господ ќе го заштитува делото нивно, и ќе им го одземе животот на оние што ним им го одземаат.

24. Не спријателувај се со гневлив, и не оди со бесен човек,

25. за да не свикнеш на неговите патишта и да не наместиш стапица за својата душа.

26. Не биди меѓу оние што даваат рака, кои емчат за долгови;

27. ако немаш со што да надоместиш, зошто да ти ја одземат и постелата од под тебе?

28. Не преместувај ги старите меѓи, што ги поставија твоите татковци.

29. Дали си видел човек трудољубив во својата работа? Таквиот има пристап при царевите и не им служи на простаците.