поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5
  6. 6
  7. 7
  8. 8
  9. 9
  10. 10
  11. 11
  12. 12
  13. 13
  14. 14
  15. 15
  16. 16
  17. 17
  18. 18
  19. 19
  20. 20
  21. 21
  22. 22
  23. 23
  24. 24
  25. 25
  26. 26
  27. 27
  28. 28
  29. 29
  30. 30
  31. 31

Стар Завет

Нов Завет

Изреки 14 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Мудрата жена го изградува нејзиниот дом, а лудата го разурнува со рацете.

2. Кој живее од чесност, се бои од Господа, а кој оди по страничен пат, Го презира.

3. Во устата на лудиот е прачката за неговата гордост, а мудроста ја пазат сопствените усни.

4. Каде нема волови, јаслите се празни, а жетвата е изобилна од силата на воловите.

5. Вистинскиот сведок не лаже, а лажниот сведок шири лага.

6. Потсмевачот бара мудрост и не ја наоѓа, а разумниот лесно доаѓа до знаење.

7. Оди си од безумниот човек, зашто нема да запознаеш усни што зборуваат знаење.

8. Мудроста на мудриот човек е во тоа: што внимава на својот пат, а глупоста на безумникот е заблуда.

9. На лудите гревот им е шега, а среде праведните е Божјата наклонетост.

10. Срцето ја познава својата душевна мака, и неговата радост не може да ја дели никој друг.

11. Домот на нечесните ќе пропадне а живеалиштето на праведниците ќе процвета.

12. Некој пат му се чини на човекот прав, а на крајот води кон смртта.

13. И во смеата срцето чувствува болка, а после веселбата доаѓа тага.

14. Лукавиот се сити со своите престапи, а добриот човек со својот труд.

15. Глупавиот верува на секој збор, а умниот внимава на својот чекор.

16. Мудриот се бои и се отклонува од злото, а безумниот се распалува и е смел.

17. Избувливиот човек прави лудости, и зломисленикот ќе биде замразен.

18. Глупавите ја наследуваат лудоста, а мудрите ги овенчува знаењето.

19. Лошите се поклонуваат пред добрите, и нечесните пред вратите на праведникот.

20. Сиромавиот им е омразен и на своите пријатели, а богатиот има многу другари.

21. Греши кој го презира својот ближен, а блазе на оној кој е милостив кон сиромасите.

22. Не одат ли по заблуда оние што смислуваат зло? А зар не се добрината и верноста со оние што смислуваат добро.

23. Од секој труд има полза, а од брбливоста на усните само сиромаштво.

24. На мудрите венец им е нивното богатство, а глупоста на безумните е нивната лудост.

25. Вистинскиот сведок избавува души, а лажниот сведок истура лаги.

26. Во стравот од Господа е голема верба, и е прибежиште за неговите синови.

27. Стравот од Господа е извор на животот; Тој избавува од стапицата на смртта.

28. Многуброен народ е слава за царот, а без луѓе владетелот пропаѓа.

29. Кој се гневи бавно има големо разбирање, а избувливиот во дух покажува глупост.

30. Тивкото срце е живот на телото, а љубомората е гнилеж во коските.

31. Кој го угнетува бедниот, го навредува неговиот Творец, а кој е милостив кон бедниот Го почитува.

32. Нечесниот пропаѓа заради сопствената пакост, а праведникот и при самата смрт наоѓа засолниште.

33. Мудроста почива во разумно срце, а што е во безумниот тоа и се покажува.

34. Правдата го возвишува народот, а гревот е срам на народите.

35. Царската наклонетост е кон разумниот слуга а неговиот гнев - против оној кој го срами.