поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5
  6. 6
  7. 7
  8. 8
  9. 9
  10. 10
  11. 11
  12. 12
  13. 13
  14. 14
  15. 15
  16. 16
  17. 17
  18. 18
  19. 19
  20. 20
  21. 21
  22. 22
  23. 23
  24. 24
  25. 25
  26. 26
  27. 27
  28. 28
  29. 29
  30. 30
  31. 31

Стар Завет

Нов Завет

Изреки 6 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Сине мој, кога емчиш за својот ближен, и ја дадеш својата рака на друг,

2. си се врзал со сопствените усни, си се врзал со зборовите на својата уста.

3. Направи го тогаш ова сине мој, ослободи се! Зашто си паднал во рацете на својот ближен: оди, падни пред него и моли го својот ближен.

4. Не давај им сон на своите очи ни дремка на своите клепки.

5. Истргај се како газела од раката на ловецот и како птица од рацете на птичарот.

6. Оди при мравката, о мрзливецу набљудувај ги нејзините патишта и биди мудар:

7. Таа нема водич, надзорник ни настојник,

8. се грижи за храната лете и прибира јадење во време на жетвата.

9. А ти, мрзливецу, до кога ќе спиеш? Кога ќе се разбудиш од својот сон?

10. Уште малку поспиј, уште малку подреми, уште малку свиткај ги рацете за одмор,

11. и ќе дојде твоето сиромаштво како скитник, и твојата скудност како вооруженик.

12. Лукавиот човек, нечесниот човек, оди со лажлива уста,

13. намигнува со очите, тропа со нозете, покажува со прстите;

14. измамите му се во срцето, сонува зло во секое време, сее раздори.

15. Затоа пропаста ќе му дојде одненадеж, и во миг ќе се скрши и нема да му има лек.

16. Шест нешта мрази Господ, а седум се гнасни на Неговата душа:

17. Горделиви очи, лажлив јазик, раце што пролеваат невина крв,

18. срце што замислува грешни мисли, нозе што итаат на зло,

19. лажен сведок, кој шири лага, и човек кој сее раздори меѓу браќата.

20. Сине мој, пази ги заповедите на својот татко и не отфрлај ја науката на својата мајка.

21. Врзи ги за своето срце засекогаш, завиткај ги околу своето грло;

22. за да те водат кога одиш, да те чуваат кога спиеш, и да разговараат со тебе кога ќе се разбудиш.

23. Зашто заповедта е светилник, законот е светлина, опомените на изобличувањата се пат кон животот;

24. за да те чуваат од зла жена, од ласкавиот јазик на туѓинката.

25. Не посакувај ја во своето срце нејзината убавина, и не оставај да те освои со своите клепки,

26. зашто поради блудница човек се понижува и за парче леб, додека прељубницата лови скапоцен живот.

27. Може ли некој да носи оган во пазувите, а да не му се запали облеката?

28. Може ли некој да оди по вжарени јаглени, а да не си ги изгори своите нозе?

29. Така биднува со оној кој оди при жената на својот ближен: Не ќе остане без казна оној што ќе се допре до неа.

30. Не го срамат ли крадецот, па иако крадел за да го смири гладот:

31. Фатен, тој враќа седмократно и плаќа со сиот имот на својата куќа.

32. И така, неразумен е оној, кој се впушта со прељубница, својата душа ја губи кој прави така.

33. Ќе дојде посрамување и срам, и неговиот срам не се брише никогаш.

34. Зашто бесна е љубоморноста во мажот: тој не знае за милост во одмаздничкиот ден;

35. не се согласува на никаков откуп, и не прима дарови, колку и да му дадеш.