поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5
  6. 6
  7. 7
  8. 8
  9. 9
  10. 10
  11. 11
  12. 12
  13. 13
  14. 14
  15. 15
  16. 16
  17. 17
  18. 18
  19. 19
  20. 20
  21. 21
  22. 22
  23. 23
  24. 24
  25. 25
  26. 26
  27. 27
  28. 28
  29. 29
  30. 30
  31. 31

Стар Завет

Нов Завет

Изреки 2 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Сине мој, ако ги примиш моите зборови и ги запазиш моите заповеди во себе,

2. и со своето уво ја послушаш мудроста и го обратиш своето срце кон разумот;

3. да, ако го повикаш разумот и извикаш кон благоразумноста;

4. ако го бараш како сребро и трагаш по него како по скриено сокровиште -

5. тогаш ќе го разбереш Господовиот страв и ќе го најдеш знаењето за Бога.

6. Зашто Господ дава мудрост, од Неговата уста доаѓа знаењето и разумот.

7. Тој им ја укажува Својата помош на праведните, штит им е на оние што одат непорочно.

8. Зашто Тој ги штити патиштата на правдата и го чува патот на Своите свети.

9. Тогаш ќе ги сфатиш: правдата, правосудството и верноста, а и секој добар пат.

10. Зашто мудроста ќе влезе во твоето срце и знаењето ќе ја зарадува твојата душа.

11. Расудувањето ќе те пази тебе и разумноста ќе те чува:

12. За да те избави од лош пат, од измамлив човек,

13. од оние што ги оставаат патеките на чесноста, па одат по мрачни патишта;

14. кои се веселат правејќи зло и ликуваат во изопаченоста на лошото;

15. чии патеки се криви, и кои се опаки на своите патишта.

16. За да те избави од прељубница и од туѓинка, што ласка со зборови,

17. која го остава пријателот на својата младост и го заборава заветот на својот Бог.

18. Зашто куќата и тоне во смрт, и нејзините патишта водат кон мртвите,

19. кој влегува при неа, не се враќа никогаш, и не ги наоѓа повеќе патиштата на животот.

20. Затоа, оди по патот на добрите и држи се за патеките на праведниците!

21. Зашто само праведните ќе ја населат земјата и непорочните ќе останат на неа;

22. а беззакониците ќе бидат збришани од земјата, и богохулниците ќе бидат искоренети од неа.