поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5
  6. 6
  7. 7
  8. 8
  9. 9
  10. 10
  11. 11
  12. 12
  13. 13
  14. 14
  15. 15
  16. 16
  17. 17
  18. 18
  19. 19
  20. 20
  21. 21
  22. 22
  23. 23
  24. 24
  25. 25
  26. 26
  27. 27
  28. 28

Стар Завет

Нов Завет

Дела Ап. 22 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. „Мажи браќа и татковци! Чујте ја мојата одбрана.”

2. Кога чуја дека им говори на еврејски јазик, се смирија уште повеќе. И рече:

3. ”Јас сум Јудеец, роден во Киликиски Тарс, а воспитан во овој град, при Гамалиловите нозе, научен строго според татковскиот закон, ревнувајќи за Бога, како и вие сите денес.

4. Го гонев овој Пат до смрт; и врзував и предавав во темници мажи и жени,

5. како што може да посведочи за мене првосвештеникот, со сите старешини. Од нив примив и писма за браќата во Дамаск, каде одев за да ги дотерам врзани во Ерусалим и оние, кои беа таму, за да бидат казнети.”

6. ”Кога одев и наближив до Дамаск, одеднаш, околу пладне, ме осветли голема светлина од небото.

7. И паднав на земјата и чув глас како ми зборува: ‘Савле, Савле, зошто Ме гониш?’

8. А јас одговорив: ‘Кој си ти, Господине?’ И ми рече: ‘Јас сум Исус Назареецот, Кого ти Го гониш.’

9. А оние, кои беа со мене, ја видоа светлината, но не го чуја гласот, кој ми зборуваше.

10. Тогаш реков: ‘Што да правам, Господи?’ А Господ ми рече: ‘Стани и оди во Дамаск и таму ќе ти се каже сè што ти е определено да правиш!’

11. И бидејќи не можев да гледам од блескотот на светлината, моите другари ме поведоа за рака и така дојдовме во Дамаск.”

12. „А некој Ананиј, благочестив маж според Законот, за кого сведочеа добро сите тамошни Јудејци,

13. дојде при мене, ми се доближи и рече: ‘Брате Савле, прогледај!’ И јас во истиот миг погледав во него.

14. А тој рече: ‘Бог на нашите татковци однапред те определил да ја познаеш Неговата волја и да Го видиш Праведникот и да го чуеш гласот од Неговата уста,

15. зашто ќе Му бидеш сведок пред сите луѓе за она што си видел и чул.

16. И што се двоумиш сега? Стани, крсти се и измиј се од своите гревови, повикувајќи го името на Господа.’

17. Кога пак се вратив во Ерусалим и се молев во Храмот, се занесов

18. и Го видов како ми вели: ‘Побрзај и излези бргу од Ерусалим, зашто нема да го примат твоето сведоштво за Мене!’

19. А јас реков: ‘Господи, тие знаат дека јас ги затворав и ги биев по синагогите оние, кои веруваа во Тебе;

20. и кога се пролеваше крвта на Твојот сведок Стефан, и јас стоев таму; одобрував и ги чував облеките на оние, кои го убиваа.’

21. И ми рече: ‘Оди, зашто ќе те испратам далеку, меѓу народите!’

22. Го слушаа до тој збор, а тогаш извикаа со силен глас: „Премавни го од земјата таквиот, зашто не треба да живее!”

23. Додека тие викаа така, ги мавтаа своите облеки и фрлаа прав во воздухот;

24. заповедникот нареди да го одведат во тврдината, велејќи да го испитаат со биење, за да узнае зошто викаат така против него.

25. А кога го опкружија и врзаа со ремени, Павле му рече на стотникот кој стоеше таму: „Зар смеете да бичувате римски граѓанин, и тоа неосуден?”

26. Кога стотникот го чу тоа, отиде и го извести заповедникот, велејќи: „Што сакаш да правиш? Човеков е римски граѓанин!”

27. Тогаш заповедникот дојде при него и му рече: „Кажи ми, римски граѓанец ли си ти?” А тој рече: „Да!”

28. Заповедникот одговори: „Јас го добив тоа граѓанство за многу сребреници.” А Павле рече: „А јас се родив со него.”

29. И веднаш отстапија од него, оние кои сакаа да го испитуваат, а заповедникот се уплаши кога узна дека тој е римски граѓанец, зашто го беше врзал.

30. Утреден, сакајќи да знае точно зошто Јудејците го обвинуваат, го ослободи и заповеда да се соберат главните свештеници и целиот Синедрион и го доведе долу Павла и го постави пред нив.