поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5
  6. 6
  7. 7
  8. 8
  9. 9
  10. 10
  11. 11
  12. 12
  13. 13
  14. 14
  15. 15
  16. 16
  17. 17
  18. 18
  19. 19
  20. 20
  21. 21
  22. 22
  23. 23
  24. 24
  25. 25
  26. 26
  27. 27
  28. 28

Стар Завет

Нов Завет

Дела Ап. 24 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. А по пет дена првосвештеникот Ананиј слезе со неколку старешини и со некој си говорник Тертил, и истапија пред управителот против Павла.

2. И кога го повикаа, Тертил почна да го обвинува, велејќи:

3. ”Голем мир уживаме благодарејќи тебе и со твојата грижливост многу нешта се поправија во народов; тоа, ние, честити Феликсе, со секаква благодарност го признаваме на секој начин и на секое место;

4. но, за да не те задржувам повеќе, те молам да нè ислушаш накратко со твојата благост.

5. Еве, најдовме дека овој човек е зараза, дека предизвикува препирки меѓу сите Јудејци по целиот свет и дека е водач на назарејската секта.

6. И се обиде да го оскверни и Храмот, и ние го фативме и сакавме да му судиме според нашиот Закон,

7. но дојде заповедникот Лисиј, со голема сила, и го грабна од нашите раце,

8. и заповеда неговите обвинители да дојдат при тебе. Ако го испиташ самиот, ќе можеш да узнаеш од него, сè за што ние го обвинуваме.”

9. А Јудејците потврдија дека е така.

10. А кога управителот му даде знак да зборува, Павле одговори: „Бидејќи знам дека многу години си му судија на народов, јас, на драго срце, ќе зборувам во своја одбрана.

11. Ти самиот можеш да дознаеш дека нема повеќе од дванаесет дена, откако отидов горе во Ерусалим, на поклонение,

12. и не ме најдоа ни во Храмот, ни во синагогите, ниту во градот да са расправам со некого или да го бунам народот,

13. а не можат ни тебе да ти го докажат она заради што ме обвинуваат сега.

14. Но тебе ти признавам: дека според Патот, кого тие го наречуваат ерес, така Му служам на Бога на нашите татковци, верувајќи во сè што е напишано во Законот и Пророците,

15. и дека се надевам во Бога, како и овие сами, дека ќе има воскресение на праведните и неправедните.

16. Затоа и самиот се трудам секогаш да имам чиста совест и пред Бога и пред луѓето.

17. По многу години дојдов да му донесам милостина на својот народ и да принесам жртви,

18. при што ме најдоа, очистен во Храмот, не со народ и не со врева. И некои Јудејци од Азија,

19. кои требаа да излезат пред тебе и да ме обвинат, ако имаа нешто против мене.

20. Или овие сами нека кажат каква неправда најдоа на мене, кога стоев пред Синедрионот,

21. освен ако се работи за овој еден збор што го реков гласно, стоејќи меѓу нив: ‘заради воскресението на мртвите ме судите денес!’”

22. Тогаш Феликс, кој доста добро го познаваше тој Пат, го одложи нивното дело, велејќи: „Кога ќе дојде илјадникот Лисиј, ќе го решам вашето дело.”

23. А на стотникот му заповеда да го чуваат; но да му даваат извесна слобода и да не му бранат никому од неговите да му служат.

24. А по неколку денови дојде Феликс со својата жена Друзила, која беше Јудејка, го повика Павла и ги слушаше неговите зборови за верата во Исуса Христа.

25. А кога зборуваше за праведноста, за воздржувањето и за идниот суд, Феликс се уплаши и одговори: „Сега оди си! И кога ќе најдам време, пак ќе те повикам.”

26. Меѓутоа се надеваше дека Павле ќе му даде сребреници; затоа почесто го повикуваше и разговараше со него.

27. А кога се наполнија две години, Порциј Фест го наследи Феликса; сакајќи да им угоди на Јудејците, Феликс го остави Павла во окови.