поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5
  6. 6
  7. 7
  8. 8
  9. 9
  10. 10
  11. 11
  12. 12
  13. 13
  14. 14
  15. 15
  16. 16
  17. 17
  18. 18
  19. 19
  20. 20
  21. 21
  22. 22
  23. 23
  24. 24
  25. 25
  26. 26
  27. 27
  28. 28

Стар Завет

Нов Завет

Дела Ап. 6 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Во тие денови, кога учениците се намножија, елинистите се побунија против Евреите, зашто нивните вдовици беа запоставувани при секојдневното делење на помош.

2. Тогаш Дванаесетмината ги повикаа сите ученици и рекоа: „Не е право ние да го оставиме Божјото Слово и да служиме околу трпезите.

3. Затоа, браќа, најдете меѓу себе седум мажи, добро посведочени, полни со Дух Свети и мудрост, на кои да им ја довериме таа должност,

4. а ние и натаму ќе им се посветиме на молитвата и на службата на словото.

5. И предлогот му се допадна на целото множество, па ги избраа: Стефана, маж полн со вера и со Светиот Дух, потоа: Филипа, Прохора, Никанора, Тимона Пармена, и Никола, прозелит од Антиохија.

6. Нив ги поставија пред апостолите; а овие, кога се помолија, ги положија рацете на нив.

7. А Божјото слово растеше и бројот на учениците во Ерусалим се зголемуваше многу. И големо множество свештеници и се потчинија на верата.

8. А Стефан, полн со благодат и сила, правеше големи чудеса и знаци во народот.

9. Но станаа некои од Синагогата наречена на Либертинците, на Киринејците, на Александријците и на оние од Киликија и Азија, и се препираа со Стефана.

10. И не можеа да им се спротиват на мудроста и на Духот, со кој зборуваше.

11. Тогаш наговорија луѓе, кои изјавија: „Го чувме како хули против Мојсеја и Бога.”

12. Така ги побунија и народот, и старешините, и книжевниците, и нападнаа на него, го фатија и го изведоа пред Синедрионот.

13. Поставија и лажни сведоци, кои рекоа: „Овој човек непрекратно хули против ова свето место и Законот,

14. зашто чувме како зборува дека Овој Исус Назареецот, ќе го разурне ова место и ќе ги измени обредите, што ни ги предаде Мојсеј.”

15. А сите, кои седеа во Синедрионот го насочија погледот во него и видоа дека лицето му е слично на лице на ангел.