поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5
  6. 6
  7. 7
  8. 8
  9. 9
  10. 10
  11. 11
  12. 12
  13. 13
  14. 14
  15. 15
  16. 16

Нов Завет

Римјаните 10 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

1. Браќа, желбата на моето срце и на мојата молитва кон Бога за Израил е за негово спасение.

2. Јас им сведочам дека тие имаат рев­ност за Бога, но не според сознанието.

3. Зашто, не знаејќи за Божјата пра­ведност и тежнеејќи да воспостават своја сопствена праведност, тие не ѝ се подредија на Божјата праведност,

4. бидејќи крајната цел на Законот е Христос, за да биде оправдан секој што во Него верува.

Спасението доаѓа до секој човек што верува во Господ

5. Мојсеј пишува за праведноста на Законот: „Кој ќе го исполни, тој ќе биде преку него жив.“

6. А праведноста од верата вели: „Да не речеш во срцето свое: Кој ќе се искачи на небото?“, што значи да се симне Христос,

7. или: „Кој ќе слезе во бездната?“, што значи да се изведе Христос од мрт­вите!

8. А што вели таа? – „Блиску до тебе е словото, во твојата уста и во твоето срце“, односно словото на верата, што го проповедаме,

9. зашто, ако со устата исповедаш дека Исус е Господ и во срцето свое поверуваш дека Бог Го воскресна од мртвите, ќе се спасиш;

10. бидејќи со срцето се верува за оп­равдание, а со устата се исповеда за спа­сение.

11. А и Писмото вели: „Секој кој верува во Него, нема да се посрами.“

12. Нема разлика меѓу Јудеец и Елин, зашто еден и ист е Господ на сите, богат за сите кои Го повикуваат.

13. Бидејќи секој кој ќе го повика име­то Господово, ќе биде спасен.

14. Но како да Го повикаат Оној во Ко­го не поверувале? Како, пак, да поверуваат во Оној за Кого не слушнале? А како да слушнат, ако нема кој да про­по­веда?

15. И како да проповедаат, ако не бидат испратени, како што е напишано: „Кол­ку им се прекрасни нозете на оние, што благовестат мир, што го благовестат доброто.“

16. Но Евангелието сите не го пос­лу­шаа. Зашто Исаија вели: „Господи, кој поверува во она што го проповедавме?“

17. Затоа, верата доаѓа од слушањето на пораката, а пораката – од Божјото слово.

18. Но велам: зар тие не слушнаа? На­против. „Гласот им се разнесе по целата земја, и зборовите нивни – до краиш­тата на вселената.“

19. Пак велам: зар Израил не разбра? Најнапред Мојсеј кажа: „Јас ќе ве раздразнам до љубомора со оние кои не се народ; со неразумен народ ќе ве раз­гне­вам.“

20. А Исаија се осмели да каже: „Ме најдоа оние кои не Ме бараа, им се от­крив на оние, кои не прашаа за Мене.“

21. За Израил, пак, вели: „Постојано ги подавав рацете Свои кон народ не­пос­лу­шен и бунтовен.“