поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5
  6. 6
  7. 7
  8. 8
  9. 9
  10. 10
  11. 11
  12. 12
  13. 13
  14. 14
  15. 15
  16. 16

Нов Завет

Римјаните 11 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

Бог не го отфрла Израил

1. И затоа, ви велам: Зар Бог го отфрли Својот народ? Никако! Зашто и јас сум Израилец, од семето Авраамово, од коленото Венијаминово.

2. Бог не го отфрли Својот народ, кој однапред го одбра. Или, пак, не знаете што кажува Писмото за Илија, како тој Му се пожали на Бог Израилев, ве­леј­ќи:

3. „Господи, ги убија пророците Твои и ги раскопаа жртвениците Твои; јас ос­танав сам, и сакаат да ми ја земат ду­ша­та.“

4. А како му вели Божјиот одговор: „Си оставив седум илјади мажи, кои не ги свиткаа колената пред Ваал.“

5. Така и во сегашно време има еден остаток избран по благодат.

6. Но, ако е по благодат, не е веќе по дела, зашто тогаш благодатта не би била благодат. Ако, пак, е по дела, тоа веќе не е благодат; зашто инаку делото не би било веќе дело.

7. И што тогаш? Израил не го доби она што го бараше; избраните, пак, го добија, а другите се закоравија,

8. како што е напишано: „Бог им даде дух што не чувствува: очи да не гледаат и уши да не слушаат, сѐ до денешниов ден.“

9. И Давид вели: „Трпезата нивна да им биде стапица, клопка, соблазна и от­плата;

10. да им се замрачат очите нивни за да не гледаат, и грбот нивни да им се свитка засекогаш.“

11. Ви велам пак: зар се сопнаа за да паднат? Не! Но со нивниот престап дојде спасението за незнабошците, за да се возбуди во нив ревност.

12. Ако, пак, нивниот престап значи богатство за светот, и нивниот намален број – богатство за незнабошците, колку повеќе ќе значи нивната потполност.

13. Вам, незнабошци, ви велам; до колку сум јас апостол на незнабошците, ја прославувам својата служба,

14. та некако да возбудам ревност во својот род по тело, и некого од нив да спасам.

15. Зашто, ако нивното отфрлање зна­чи измирување за светот, тогаш што ли друго ќе значи нивното примање, ако не оживување од мртвите?

16. Ако првиот дел од тестото е свет, тогаш свето е и целото тесто: и ако е коренот свет, свети се и гранките.

17. Ако, пак, некои од гранките се скршени, а ти, кој си дива маслинка, си бил прикалемен на нивното место и си станал заедно со нив соучесник во соч­ниот корен на маслинката,

18. не биди горделив пред гранките! А ако сепак, се возгордееш, треба да зна­еш дека ти не го држиш коренот, туку коренот тебе!

19. Но ти тогаш ќе кажеш: гранките беа откршени за да бидам јас прикалемен.

20. Добро. Тие поради неверие беа откршени, а ти поради вера се држиш: немој да бидеш горделив, туку имај страв.

21. Зашто, ако Бог не ги поштедил при­родните гранки, нема ни тебе да те поштеди.

22. Гледај ја, пак, Божјата благост и строгост: строгост кон отпаднатите, а благост кон тебе, ако издржиш во бла­госта; во спротивно, и ти ќе бидеш от­сечен.

23. Но, тие, ако не останат во неверието, ќе бидат прикалемени, зашто Бог има моќ пак да ги прикалеми.

24. Зашто, ако си ти откинат од мас­линка која е по природа дива, и против природата си прикалемен на питома ма­слинка, тогаш колку полесно ќе би­дат прикалемени на својата маслинка оние кои по природа потекнуваат од неа.

Израил не е засекогаш отфрлен

25. Сакам, браќа, за да не си помислите во себе дека сте мудри, да ја знаете оваа тајна: дека закоравувањето само со еден дел падна врз Израил, додека да нас­тапи потполноста на незнабошците.

26. И така целиот Израил ќе биде спасен, како што е напишано: „Ќе дојде од Сион Ослободителот и ќе ја одврати безбожноста од Јаков.

27. И тоа им е ним завет од Мене кога ќе ги одземам нивните гревови.“

28. Со оглед на Евангелието, тие се не­пријатели Божји поради вас; но со оглед на изборот, тие се возљубени од Бога за­ради татковците,

29. зашто даровите и повикот Божји се неотповикливи.

30. Како што и вие некогаш бевте непослушни кон Бога, а сега се здобивте со милост, поради нивната непос­луш­ност,

31. така и тие сега станаа непослушни, поради вашето помилување, та и самите да се здобијат со милост.

32. Зашто Бог ги затвори сите со непослушност, па кон сите да покаже милост.

33. О, длабочино на богатство, мудрост и знаење Божјо! Колку се несфатливи Неговите судови и неистражливи Неговите патишта!

34. Зашто, кој ја познал мислата на Господ? Или, кој Му бил советник?

35. Или, кој однапред Му дал нешто за да му биде отплатено?

36. Зашто, сѐ е од Него, според Него и за Него. Нему слава во вечни векови. Амин!