поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5
  6. 6
  7. 7
  8. 8
  9. 9
  10. 10
  11. 11
  12. 12
  13. 13
  14. 14
  15. 15
  16. 16

Нов Завет

Римјаните 15 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

Угоди му на својот ближен

1. Ние, силните, должни сме да ги поднесуваме слабостите на не­моќните, и да не си угодуваме на себеси.

2. Секој од нас должен е на својот ближен да му угодува со она што е добро за неговата надградба.

3. Зашто и Христос не си угоди на Се­бе Самиот, туку како што е напи­ша­но: „Подбивите на оние што Ти се подбиваа, паѓаат врз Мене.“

4. А сѐ што беше порано напишано, за наша поука беше напишано, та преку трпението и преку утехата од Писмата да имаме надеж.

5. А и Бог на трпението и утехата да ви даде да бидете во едномислие меѓу себе, според примерот на Христос Исус,

6. та еднодушно и со една уста да Го славите Бога и Отецот на нашиот Гос­под Исус Христос.

Евангелие за сите луѓе

7. Затоа примајте се еден со друг, како што и Христос ве прими, заради славата Божја.

8. Но велам дека Исус Христос стана служител на обрезаните поради Бож­ја­та вистина, за да ги потврди ветувањата дадени на татковците,

9. а, пак, незнабошците да Го прос­ла­ват Бога за милосрдието, како што е на­пишано: „Затоа Те прославувам, Гос­по­ ди, меѓу незнабошците и ќе Го воспеам Твоето име.“

10. И понатаму се вели: „Развеселете се, незнабошци, со Неговиот народ!“

11. И понатаму: „Фалете Го Господа сите незнабошци, и прославете Го, сите народи!“

12. Исаија, исто така вели: „Ќе постои коренот Јесеев и Издигнатиот од него ќе владее над народите; на Него ќе се надеваат народите.“

13. А Бог на надежта нека ве исполни со сета радост и мир во верата, та преку силата на Светиот Дух вашата надеж да се преумножува.

Павловиот мисионерски потфат

14. И јас сум уверен за вас, браќа мои, дека и вие сте полни со добрина, исполнети со секакво знаење и дека можете да се поучувате еден со друг.

15. Но ви пишав, браќа, нешто малку послободно, за да ве потсетам со благодатта што Бог ми ја даде,

16. за да Му бидам служител на Исус Христос меѓу незнабошците и свеште­но­дејствено да го извршувам Божјото Евангелие, за да бидат незнабошците благопријатен принос, осветен од Све­тиот Дух.

17. И така, со тоа можам да се по­фа­лам во Исус Христос кај Бога,

18. зашто не се осмелувам да говорам за она што Христос не го извршил пре­ку Мене со зборови и дела,

19. со силата на знаци и чуда, со силата на Божјиот Дух, која ги води незнабошците кон послушност во верата, така што Евангелието Христово го распро­стра­нува од Ерусалим и неговата око­лина и сѐ до Илирик.

20. И така, се погрижив да го про­по­ведам Евангелието не таму каде што името Христово беше веќе познато, за да не ѕидам врз туѓ темел.

21. Но, како што е напишано: „Оние, на кои не им е јавено за Него, ќе видат; и оние што не беа чуле, ќе разберат.“

Павловите планови за патување во Рим

22. Токму тоа многупати ме попречу­ваше да дојдам кај вас.

23. Сега, пак, бидејќи нема веќе место за мојата работа во овие земји, а уште од пред многу години копнеев да дојдам кај вас,

24. кога ќе тргнам за Шпанија, се надевам дека ќе ве видам на минување и де­ка натаму вие ќе ме испратите, откако најнапред ќе ви се порадувам.

25. А сега одам во Ерусалим за да им послужам на светиите,

26. зашто Македонија и Ахаја одлучија да дадат некаков прилог за сиро­ма­ш­ни­те светии во Ерусалим.

27. Тие така тоа го одлучија, а и дол­жни им се. Бидејќи, ако незнабошците станаа соучесници во нивните духовни блага, тогаш тие се должни ним да им служат со материјални блага.

28. А откако ќе го направам ова и ќе им го запечатам овој плод, преку ва­ша­та земја ќе заминам за Шпанија.

29. А знам дека, кога ќе дојдам кај вас, ќе дојдам со полн благослов на Хрис­то­вото Евангелие.

30. Браќа, ве молам поради нашиот Господ Исус Христос и поради љубовта на Духот, помагајте ми со своите мо­литви кон Бога за мене,

31. за да се избавам од оние што не ве­руваат, кои се во Јудеја, и моето слу­же­ње во Ерусалим да им биде благо­пријат­но на светиите;

32. та радосен да дојдам кај вас со Бож­јата волја и да се успокојам со вас.

33. А Бог на мирот нека биде со сите вас. Амин!