поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5
  6. 6
  7. 7
  8. 8
  9. 9
  10. 10
  11. 11
  12. 12
  13. 13
  14. 14
  15. 15
  16. 16

Нов Завет

Римјаните 16 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

Лични поздрави

1. Ви ја препорачувам нашата сес­тра Фива, која е служителка на црквата во Кенхреја:

2. примете ја во Господ, како што им прилега на светии, и помогнете ѝ во она во што ќе има потреба од вас, бидејќи и таа им беше помошничка на мнозина, а и мене.

3. Поздравете ги Прискила и Акила, моите соработници во Христос Исус,

4. кои за мојата душа ја положија својата глава; ним им благодарам не само јас, туку и сите цркви од скорообрате­ните незнабошци и нивната домашна црква.

5. Поздравете го мојот возљубен Епе­нет, кој е првиот плод во Христос во Ахаја.

6. Поздравете ја Маријам, која многу се грижеше за вас.

7. Поздравете ги Андроник и Јуниј, моите сонародници и созатвореници, кои се прочуени меѓу апостолите и кои уште пред мене станаа Христови.

8. Поздравете ми го возљубениот во Господ Амплијат!

9. Поздравете го нашиот соработник во Христос Урбан и мојот возљубен Стахиј!

10. Поздравете го докажаниот верник во Христос Апелија! Поздравете ги до­машните од Аристовуловото семејство!

11. Поздравете го мојот сонародник Иродион! Поздравете ги домашните на Наркис, тие, кои се во Господ.

12. Поздравете ги Трифен и Трифос, трудбеничките за Господ. Поздравете ја почитуваната Персида, која многу се трудеше за Господ.

13. Поздравете го избраниот во Господ Руф, како и неговата и моја мајка!

14. Поздравете ги Асинкрит, Флегонт, Ермин, Патрова, Ерма и браќата со нив!

15. Поздравете ги Филолог и Јулија, Ниреја и неговата сестра, и Олимпа и сите со нив светии!

16. Поздравете се еден со друг со свет целив! Ве поздравуваат сите цркви Христови!

17. Ве молам, браќа, пазете се од оние, кои предизвикуваат раскол и соблазни против учењето кое сте го научиле и бегајте од нив!

18. Зашто таквите не Му служат на на­шиот Господ Исус Христос, туку на стомакот свој, и со слатки и ласкави зборови ги заведуваат срцата на простодушните.

19. Вашата послушност во верата на сите им е позната: затоа јас се радувам за вас, но сакам да бидете мудри во доб­рото и прости во злото.

20. А Бог на мирот наскоро ќе го сотре сатаната под нозете ваши. Благодатта на нашиот Господ Исус Христос нека биде со вас. Амин!

21. Ве поздравуваат мојот соработник Тимотеј и моите сродници Луциј, Јасон и Сосипатар.

22. Ве поздравувам во Господ и јас Тер­циј, кој го напиша ова послание.

23. Ве поздравува Гај, домаќинот мој и на целата црква. Ве поздравува Ераст, градскиот благајник и братот Кварт.

24. Благодатта на нашиот Господ Исус Христос нека биде со сите вас. Амин!