Нов Завет

Филимон 1:5-18 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

5. бидејќи слушам за твојата љубов и вера, која ја имаш во Господ Исус и кон сите светии,

6. и молам нашата заедничка вера да се покаже во тебе на дело во познание­то на секое добро, кое го имаме за Исус Христос.

7. Зашто ние многу се радуваме и утешуваме поради твојата љубов, брате, бидејќи преку тебе се успокоија срцата на светиите.

8. Затоа, иако имам во Христос голема слобода да ти заповедам што треба да правиш,

9. сепак, од љубов кон тебе, те молам јас, каков што сум, старецот Павле, а сега и затвореник за Исус Христос,

10. и те молам за моето чедо, Онисим, што го родив во оковите свои:

11. и тој некогаш беше непотребен за тебе, а сега ни е многу попотребен и те­бе, и мене.

12. Ти го праќам назад него – прими го како да е моето срце.

13. Јас сакав да го задржам кај мене, за да ми служи место тебе во оковите што ги носам за Евангелието.

14. Но без твоја согласност не сакав ништо да направам, за да биде твојата добрина не како принуда, туку доброволна.

15. Зашто, можеби тој поради тоа се одвои од тебе за малку време, за да го примиш засекогаш,

16. не веќе како роб, а повеќе од роб, како возљубен брат, а особено за мене, и уште повеќе за тебе – и по тело, и во Господа.

17. И така, ако ме имаш за содругар, прими го како да си ме примил мене.

18. Ако, пак, во нешто ти згрешил, или ти е должен, префрли го тоа на моја сметка.

Прочитајте целосна глава Филимон 1