Нов Завет

Филимон 1:10-24 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

10. и те молам за моето чедо, Онисим, што го родив во оковите свои:

11. и тој некогаш беше непотребен за тебе, а сега ни е многу попотребен и те­бе, и мене.

12. Ти го праќам назад него – прими го како да е моето срце.

13. Јас сакав да го задржам кај мене, за да ми служи место тебе во оковите што ги носам за Евангелието.

14. Но без твоја согласност не сакав ништо да направам, за да биде твојата добрина не како принуда, туку доброволна.

15. Зашто, можеби тој поради тоа се одвои од тебе за малку време, за да го примиш засекогаш,

16. не веќе како роб, а повеќе од роб, како возљубен брат, а особено за мене, и уште повеќе за тебе – и по тело, и во Господа.

17. И така, ако ме имаш за содругар, прими го како да си ме примил мене.

18. Ако, пак, во нешто ти згрешил, или ти е должен, префрли го тоа на моја сметка.

19. Јас, Павле, напишав со своја рака: јас ќе платам, за да не ти речам дека ти и самиот цел си ми должен.

20. Да, брате, да го добијат од тебе во Господ она за што Го молам; развесели го срцето мое во Господ.

21. Убеден во твојата послушност, ти напишав, знаејќи дека ќе направиш и повеќе отколку што ти велам.

22. А заедно со ова приготви ми и смес­тување, зашто се надевам дека со ва­шите молитви ќе ви бидам даруван вам.

23. Те поздравува Епафрас, кој е со ме­не затвореник во Христос Исус, Марко, Аристарх, Димас, Лука – моите со­ра­ботници.

24. Благодатта на нашиот Господ Исус Христос нека биде со вашиот дух. Амин!

Прочитајте целосна глава Филимон 1