поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5

Нов Завет

1 Петар 5 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

Грижа за Божјото стадо

1. Оние, кои се меѓу вас презвитери, ги молам јас, кој и самиот сум свеш­теник, и сведок на Христовите стра­да­ња и соучесник во славата, што ќе се открие:

2. пасете го Божјото стадо, што го имате, надгледувајќи го не присилно, туку драговолно и според Бога; не заради срамна печалба, туку од сѐ срце.

3. И не како да управувате со народот, туку давајќи му пример на стадото.

4. А кога ќе се јави Пасти­рона­чал­ни­кот, ќе добиете венец на слава што ни­когаш не свенува.

Понизност и цврстина во верата

5. Исто така и вие, помладите, покору­вај­те им се на презвитерите; а сите, пак, покорувајте се еден на друг и здобијте се со понизност, бидејќи „Бог им се противи на горделивите, а на пониз­ните им дава благодат.“

6. Понизете се под крепката рака Бож­ја, за да ве воздигне кога ќе дојде времето.

7. Сите ваши загрижености префрлете ги врз Него, зашто Тој се грижи за вас.

8. Бидете трезвени, бидете будни, заш­то вашиот противник, ѓаволот, оби­ко­лува како лав што рика и бара некого да проголта;

9. спротивете му се со тврда вера, зна­ејќи дека такви страдања ги снаоѓаат и вашите браќа по светот.

10. А Бог на секоја благодат, Кој ве по­вика за Својата вечна слава во Исус Христос, Сам, по вашето кратко стра­дање, да ве усоврши, укрепи и направи непоколебливи.

11. Нему слава и власт во веки веков. Амин!

Завршни поздрави

12. По Силван, нашиот верен брат, како што мислам, ви го напишав ова кратко послание, за да ве утешам и уверам дека ова е вистинската Божја благодат. Останете цврсто во неа!

13. Ве поздравува црквата во Вавилон, избрана заедно со вас, и Марко, синот мој.

14. Поздравете се еден со друг со целив на љубов. Мир на сите вас, што сте во Христос. Амин!