поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3

Нов Завет

2 Петар 1 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

Поздрав

1. Симон Петар, слуга и апостол на Исус Христос, до оние на кои преку правдата на нашиот Бог и Спасител Исус Христос им се падна еднаква вера како и нам.

2. Благодатта и мирот со познавањето на Бог и Христос Исус, нашиот Господ, да ви се умножат.

Божјиот позив и избор

3. Бидејќи Неговата божествена сила ни подари сѐ што е потребно за животот и побожноста, а преку познанието на Оној Кој нѐ повика со Својата слава и совршенство,

4. преку кои ни се дарувани многу го­леми и драгосени ветувања, та преку нив да станете учесници во Божјата природа ако се оддалечите од гнилежот на овој свет;

5. затоа, грижејќи се за ова сестрано, принесете кон верата своја добродетел, а кон добродетелта знаење,

6. кон знаењето воздржување, кон воз­држувањето трпение, кон трпението побожност,

7. кон побожноста братољубивост, кон братољубивоста љубов.

8. Зашто, ако овие доблести ги има во вас и се умножуваат, тие нема да ве ос­та­ват празни, ниту бесплодни во позна­нието на нашиот Господ Исус Христос.

9. А кој ги нема овие доблести, тој е слеп, кусоглед и заборава дека се очистил од поранешните гревови.

10. Браќа, затоа уште повеќе насто­ју­вај­те да го зајакнете вашиот позив и из­бор, зашто, ако го вршите тоа, никогаш нема да погрешите,

11. бидејќи по таков начин ќе ви се овозможи слободен влез во вечното царство на нашиот Господ и Спасител Исус Христос.

Верност кон апостолското и пророчко слово

12. Поради тоа секогаш ќе се трудам да ви ги напоменувам овие работи, иако ги знаете, и утврдени сте во сегашната вистина.

13. а и право е, додека сум во ова тело, да ве потсетувам,

14. бидејќи знам дека наскоро ќе го оставам моето тело, како што Господ наш, Исус Христос, ми откри.

15. А ќе се погрижам на ова да се потсетувате секогаш и по мојата смрт.

16. Зашто ние ви ја покажавме силата и доаѓањето на нашиот Господ Исус Христос не преку измислени приказни, туку самите бевме очевидци на Не­го­во­то величие.

17. Зашто Тој прими чест и слава од Бог Отецот, кога од Велелепната Слава Му дојде ваков глас: „Овој е Мојот воз­љубен Син, со Кого се исполнува Мо­ја­та добра волја.“

18. И тој глас, што дојде од небото, ние го чувме, кога бевме со Него на светата гора.

19. А освен тоа, ние имаме нешто уште поверно, а тоа е пророчкото слово; и добро правите што нему му обрнувате внимание, како на светило што свети на темно место, додека денот осамне и Деницата засвети во вашите срца.

20. Знајте го прво тоа дека ниедно про­роштво од Писмото не е сопствено ка­жување на пророкот.

21. Зашто никогаш според човечката волја не е изречено пророштво, туку светите Божји луѓе зборувале поттик­на­ти од Светиот Дух.