поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5

Нов Завет

1 Петар 4 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

Изменет начин на живеење

1. Бидејќи, пак, Христос пострада со телото за нас, тогаш вооружете се вие со истата мисла; зашто кој ќе пос­трада со телото, тој прекинал со гревот,

2. та преостанатото време на животот во телото да не го проживее веќе со човечки похоти, туку според волјата Божја.

3. Зашто доволно е што минатото време на животот го поминавте во вр­шење волјата на незнабошците, живе­еј­ќи во нечистотија, во похоти, во пијан­ство, во прејадување, во препивање и во нечестиво идолопоклонство.

4. Затоа тие и се чудат што не се дру­жите со нив во тој ист неуреден живот, и хулат на вас.

5. Но тие ќе одговараат пред Оној Кој е готов да им суди на живите и на мрт­вите.

6. Зашто и на мртвите им беше пропо­ведано Евангелието да примат суд како луѓе по телото, а да живеат со духот по Бога.

Бодрост во христијанската заедница

7. Но близу е крајот на сѐ. Па бидете мудри и бодри во молитвите.

8. А пред сѐ, имајте постојано љубов меѓу себе; зашто „љубовта покрива многу гревови“.

9. Бидете гостољубиви еден спрема друг без негодување.

10. Служете си еден на друг, секој со дарбата што ја примил, како добри уп­равители на разнообразната Божја бла­годат.

11. Ако некој говори, нека знае дека зборува Божји зборови; ако некој слу­жи, нека служи според силата која Бог ја дава, та во сѐ да се прослави Бог преку Исус Христос, чија слава и вла­де­ење се вечни. Амин.

Блаженството ветено на прогонуваните

12. Возљубени, не чудете се на огненото искушение, што ви се праќа за да ве испита, како нешто необично да ви се случува.

13. Напротив. Ако учествувате во стра­дањата Христови, тогаш радувајте се, та кога ќе се јави Неговата слава да се зарадувате и развеселите.

14. А ако ве укоруваат поради името Христово, блажени сте, зашто Духот на славата, Духот Божји почива на вас: тие, значи, на Него хулат, а вие – Го прославувате.

15. Никој, пак, од вас да не страда како убиес, или крадец, или злосторник, ни­ту како оној што се меша во туѓи ра­бо­ти;

16. но, ако страда како христијанин, да не се срамува, туку да Го прославува Бога за такво учество.

17. Зашто време е да почне судот од Божјиот дом; а ако почне најнапред од нас, тогаш каков ли ќе им биде крајот на оние кои не му се покоруваат на Божјото Евангелие?

18. И кога праведникот одвај се спасува, тогаш што ќе стане од безбожни­ци­те и грешниците!?

19. И така, оние што страдаат според волјата на Бога, нека Му ги предадат Нему, како на верен Создател, душите свои, правејќи добро.