поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5

Нов Завет

1 Петар 2 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

1. Отфрлете, пак, од себеси секаква пакост и секаква измама, и лице­мер­ство, и завист, и секакво клеветење,

2. како новородени деца бидете желни за вистинско и духовно млеко, та во него да пораснете за спасение,

3. бидејќи вкусивте дека Господ е добар.

Основање и мисија на црквата

4. Пристапете кон Него, живиот камен, од луѓето отфрлен, но од Бога избран, драгоцен,

5. вие кои како живи камења сте вгра­дени во духовен дом, свештенство све­то, за да принесете духовни жртви кои Му се на Бога пријатни преку Исус Христос.

6. Зашто во Писмото стои напишано: „Еве, на Сион поставувам камен темелник, одбран и скапоцен; и кој верува во Него, нема да се посрами!“

7. Вам, пак, кои верувате, Тој ви е чест, а за неверниците – „Каменот што го отфрлија ѕидарите, стана камен темелник“,

8. камен од кој тие се сопнуваат и ка­мен на кој паѓаат, зашто не му се покоруваат на словото; за тоа се тие и од­ре­дени.

9. Но вие сте избран род, царско свеш­тенство, свет народ, луѓе придобиени за да ги возвестите совршенствата на Оној Кој ве повикал од темнина во Својата чудесна светлина;

10. вие, кои некогаш не бевте народ, а сега сте народ Божји; кои не бевте по­милувани, а сега сте помилувани.

За однесувањето на христијаните меѓу незнабошците

11. Возљубени, ве молам, како придојдени и гости, да се пазите од телесните похоти што војуваат против душата.

12. Однесувајте се достојно меѓу нез­на­бошците, па тие, кога ве напаѓаат како злотворци, штом ќе ги видат вашите добри дела, да Го прослават Бога во денот на посетата.

Должноста на христијаните кон оние кои се на власт

13. И така, покорувајте се на секоја човечка власт, поради Господ: било на цар, како на врховна власт,

14. било на управители на Негови пра­теници за да ги казнат злосторниците, а за да ги пофалат добротворците!

15. Зашто, таква е волјата Божја, – со добротворство да го замолкнуваме незнаењето на безумните луѓе,

16. како слободни, а не како такви што ја употребуваат слободата како покривка за вршење зло, туку – како слуги Божји.

17. Почитувајте го секого, браќата са­кајте ги, имајте страхопочит кон Бога, царот почитувајте го!

Должноста на слугите кон своите господари

18. Слуги, покорувајте им се на господарите свои, не само на добрите и крот­ките, туку и на лошите!

19. Зашто, тоа ви оди во прилог, ако некој, од сознание за Бога, поднесува скрб, страдајќи несправедливо.

20. Зашто, каква е пофалбата, ако тр­пите кога ве тепаат поради престапи? Но, ако трпите кога правите добро и страдате, тоа Му е угодно на Бога.

21. Бидејќи вие сте за тоа повикани, зашто и Христос пострада за вас, оста­вајќи ни пример за да врвиме по Не­го­вите стапки:

22. Тој не направи грев, ниту, пак, во устата Негова се најде измама;

23. кога на Него хулеа, Тој не им од­враќаше со хули; кога страдаше, не се закануваше, туку се потпираше на Оној Кој праведно суди.

24. Тој сам ги носеше нашите гревови на крстот во телото Свое, та ослободени од гревовите да живееме за правдата: „Преку Неговата рана се исцелив­те“.

25. Зашто бевте како овци изгубени, кои немаат пастир, но сега се обративте кон Пастирот и Чуварот на вашите души.