Нов Завет

2 Јован 1:5-11 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

5. Сега, драга госпоѓо, јас не ви пишувам некоја нова заповед, туку ве молам да се придржувате кон заповедта што ја имаме уште од почетокот: да покажуваме љубов еден спрема друг.

6. А љубовта се докажува преку придржување до Божјите заповеди. Заповедта да покажуваме љубов еден спрема друг ја слушнавме уште од самиот почеток и до неа треба да се придржуваме.

7. Многу измамници се појавија на овој свет. Не признаваат дека Исус Христос дојде на овој свет во човечко тело. Секој што зборува така е измамник и антихрист.

8. Чувајте се, за да не го загубите она за што се трудевме. Борете се да ја добиете целосната награда!

9. Секој што отстапува и не се држи до Христовото учење нема заедништво со Бог. Оној што се држи до Христовото учење има заедништво со небесниот Татко и со Синот - Христос.

10. Ако некој дојде кај вас, и не го носи Христовото учење, немојте да го примате во вашите домови, немојте дури ни добредојде да му посакате.

11. Оној што ќе му посака добредојде станува соучесник во неговите зли дела.

Прочитајте целосна глава 2 Јован 1