поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5
  6. 6
  7. 7
  8. 8
  9. 9
  10. 10
  11. 11
  12. 12
  13. 13
  14. 14

Стар Завет

Нов Завет

Захарија 5 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Ги подигнав очите и видов: книжен свиток лета.

2. Ангелот ме праша: „Што гледаш?” Одговорив: „Гледам книжен свиток како лета: должината му е дваесет лакти, а ширината десет.”

3. Тогаш тој ми рече: „Тоа е проклетството што ќе ја зафати целата земја; отсега секој што краде ќе биде истеран според него оттука; и секој кој се колне лажно ќе биде истеран оттука според него.

4. „Јас ќе го изведам - говори Господ над Војските - за да влезе во куќата на крадецот и во куќата на оној што се колне лажно во Моето име, та да престојува во неговата куќа и да ја уништи заедно со нејзините дрва и камења.”

5. Ангелот кој зборуваше со мене излезе и ми рече: „Подигни ги очите и погледај што се појавува тоа?”

6. Јас го прашав: „Што е тоа?” Тој рече: „Тоа што се појавува е ефа,” и продолжи: „Тоа е општата расипаност на земјата.”

7. И ете, се крена оловен поклопец и една жена седи сред ефата.

8. Тој рече: „Тоа е злото.” И ја турна во ефата и и фрли оловен поклопец врз отворот.

9. Ги подигнав очите, видов: две жени излегуваат со ветрот со крила, а крилата им беа како штркови крила; тие ја кренаа ефата меѓу земјата и небото.

10. Тогаш го прашав ангелот кој разговараше со мене: „Каде ја однесуваат ефата?”

11. Тој ми одговори: „За да и изградат храм во Сенарската земја и за да и подготват подножје врз кое ќе ја постават.”