поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5
  6. 6
  7. 7
  8. 8
  9. 9
  10. 10
  11. 11
  12. 12
  13. 13
  14. 14

Стар Завет

Нов Завет

Захарија 4 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Ангелот, кој зборуваше со мене, се врати тогаш и ме разбуди како човек кој се буди од сон.

2. „Што гледаш?” праша. Јас одговорив: „Еве, гледам светилник, сиот од злато со чаша за масло врз него; и на светилникот се седум светилки, со седум чашки за седумте светилки што се на него.

3. Две маслинови стебла се покрај него, едното оддесно, другото одлево.”

4. Му се обратив на ангелот кој зборуваше со мене и го прашав: „Што е тоа Господару?

5. Ангелот кој зборуваше со мене, ми одговори: „Зар не знаеш што е тоа?” Јас реков: „Не, господару.”

6. Тогаш тој ми одговори вака: „Еве ги Господовите зборови на Зоровавела: ‘Не со сила ни со снага туку со Мојот Дух! - слово е на Господа над Војските.

7. Што си ти голема горо? Пред Зоровавела стануваш рамница! Тој ќе го извлече врвниот камен со воскликнување: „Благодат! Благодат нему!”‘“

8. Потоа ми дојде Господово слово:

9. „Зоровавеловите раце му ставија основи на овој Дом, неговите раце ќе го довршат. И вие ќе знаете дека Господ над Воинствата ме испрати кај вас.

10. Зашто, кој го презре денот на скромните почетоци? Ќе се радуваат кога ќе видат камено висулче во Зоровавеловите раце. Овие седум се Господовите очи што ја опфаќаат со поглед сета земја.”

11. Тогаш проговорив и го прашав: „Што се оние две маслинови дрва оддесно и одлево на светилникот?”

12. Пак проговорив и го прашав: „Што се оние две маслинови гранчиња што низ две златни цевки дотуруваат масло?”

13. Тој ми одговори: „Зар не знаеш што е тоа?” Одговорив: „Не, господару.”

14. Тој рече: „Тоа се два помазаника кои стојат пред Господарот на целата земја.”