поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5
  6. 6
  7. 7
  8. 8
  9. 9
  10. 10
  11. 11
  12. 12
  13. 13
  14. 14

Стар Завет

Нов Завет

Захарија 9 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Бреме на Господовото слово против земјата Адрах и Дамаск, негово почивалиште; Зашто Господови се градовите на Арам и сите племиња на Израел.

2. Емат исто така, кој граничи со нив,

3. и Тир и Сидон, толку мудар. Тир изгради тврди ѕидишта, собра сребро како прав и злато како кал од улиците.

4. Но ете, Господ ќе го освои, ќе ја фрли во море неговата сила, а него ќе го проголта оган.

5. Аскалон ќе го види тоа и ќе се исплаши, а Газа ќе затрепери сета, и Акарон, зашто го измами надежта: ќе го снема царот од Газа, Аскалон ќе остане пуст.

6. „Туѓинци ќе живеат во Азот! Ќе ја сотрам гордоста на Филистејците,

7. ќе им ги отстранам крвта од устата и гадоста од забите. И тие ќе Му припаднат на нашиот Бог и ќе бидат како водач во Јудеја, а Акарон ќе биде како Евусеец.

8. И ќе се настанам како стража покрај Својот Дом, против оние кои доаѓаат и заминуваат; угнетувач веќе нема да поминува оттука, зашто ја видов неговата беда.

9. Ликувај од радост Сионска Ќерко! Воскликнувај, Ерусалимска Ќерко! Еве твојот Цар иде при тебе: справедлив е и спасува, кроток и седнал на осле, на ослица, младенче на ослицата.

10. Тогаш ќе ги истребам колите на Ефрем и коњите во Ерусалим; и ќе биде скршен бојниот лак. Тој ќе им навести мир на народите; власта ќе му се прошири од море до море и од Реката до краиштата на земјата.

11. А и тебе, заради крвта на твојот Завет, ќе ти ги ослободам твоите заточеници од безводните јами.

12. Вратете се во тврдината, заточеници полни со надеж, уште денес - Јас навестувам - двојно ќе ти вратам.

13. Зашто, Јуда го оптегнав како лак, а Ефрема го ставив како стрела: твоите синови, о Сионе, ќе ги подигнам против твоите синови, о Јаване - и ќе те направам како меч на јунак.”

14. Тогаш Господ ќе се појави над нив и Неговата стрела ќе лета како молња. Господ Бог ќе затруби во рог, ќе оди врз јужните виори.

15. Господ над Силите ќе ги заштити, и тие ќе ги газат со нозе камењата од праќките, ќе пијат и ќе подвикнуваат како од вино, ќе се наполнат како жртвените чаши, како аглите на жртвеникот.

16. Господ Бог нивниот ќе ги спаси во оној ден; како стадо Тој ќе го пасе Својот народ; како бесцено камење на круната, тие ќе блескаат во Неговата земја.

17. Ах, колку среќен, колку убав, ќе биде! Младите ќе растат од жито, а девиците од благото вино.