поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5
  6. 6
  7. 7
  8. 8
  9. 9
  10. 10
  11. 11
  12. 12
  13. 13
  14. 14

Стар Завет

Нов Завет

Захарија 13 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Во оној ден ќе им се отвори извор на Давидовиот дом и на Ерусалимците, за да се измијат од гревот и од нечистотата.

2. Во оној ден - говори Господ над Воинствата - ќе ги откорнам од земјата имињата на киповите за да не се спомнуваат веќе; ќе ги оддалечам од земјата и пророците и духот на нечистотата.

3. Ако некој уште ќе пророкува таткото и мајката кои го родија ќе му речат: ‘Не ќе живееш веќе, зашто зборуваш лага во Господово име!’ Таткото и мајката, кои го родија, ќе го прободат кога ќе пророкува.

4. Во оној ден секој пророк ќе се срами од своето видение: не ќе се наметнуваат веќе со наметка од козина за да лажат,

5. туку ќе рече: ‘Јас не сум пророкот; јас сум земјоделец, земјата е мое добро од младоста!’

6. Ако некој го праша: ‘Какви ти се тие рани по рацете?’ тој ќе одговори: ‘Ранет сум кај пријателите.’

7. Разбуди се мечу, против мојот пастир, против човекот, мојот роднина - говори Господ над Воинствата. Удри го пастирот, и овците ќе се разбегаат! Ќе ја свртам раката против слабите,

8. и во целата земја - говори Господ - ќе бидат истребени две третини, а една третина оставена.

9. Таа третина ќе ја поминам низ оган, ќе ги очистам како што се чисти среброто, ќе ги очистам како што се очистува златото и тие ќе го повикуваат Моето име, а Јас ќе им се одѕвијам; и ќе речам: ‘Тоа е Мој народ!’ а тие ќе речат: ‘Господ е мој Бог!’”