поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5
  6. 6
  7. 7
  8. 8
  9. 9
  10. 10
  11. 11
  12. 12
  13. 13
  14. 14

Стар Завет

Нов Завет

Захарија 3 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Потоа ми го покажа Исуса, велесвештеникот, Кој стоеше пред Господовиот ангел, и сатаната, што му стоеше оддесно за да го обвинува.

2. Господ му рече на сатаната: „Господ да те прекори сатано! Господ, Кој го избра Ерусалим, да те прекори! Не е ли Тој гламна извадена од оган?”

3. А Исус беше облечен во валкани облеки додека стоеше пред Господовиот ангел.

4. Ангелот им се обрати на оние кои што стоеја пред него и им рече: „Соблечете ги од него тие валкани облеки!” И му рече: „Еве, ја симнувам од тебе твојата вина и те облекувам во скапоцена облека!”

5. И продолжи: „Ставете му чиста капа на главата!” Тие му ставија чиста капа на главата и го облекоа во скапоцена облека во присуство на Господовиот ангел.

6. И Господовиот ангел го опомена Исуса:

7. „Господ над Воинствата зборува вака: Ако одиш по моите патишта и ако ги пазиш моите наредби, ти ќе бидеш управител во Мојот Дом, ќе ги чуваш Моите дворови и ќе ти дадам пристап меѓу оние кои стојат таму.

8. И така, послушај Исусе, велесвештенику, ти и твоите другари кои се околу тебе, зашто вие сте луѓе познати! Еве, Јас ќе го доведам подникот, Мојот Слуга, и ќе ја отстранам нечесноста на оваа земја во еден ден.

9. Зашто еве го каменот што го ставам пред Исуса; на тој камен се седум очи, и врз него ќе врежам натпис - слово е на Господа над Војските.

10. Во оној ден - слово е на Господа над Војските - ќе се повикувате еден друг под лозата и под смоквата.”