поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5
  6. 6
  7. 7
  8. 8
  9. 9
  10. 10
  11. 11
  12. 12
  13. 13
  14. 14

Стар Завет

Нов Завет

Захарија 7 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Во четвртата година на царот Дариј, во четвртиот ден на деветиот месец, Хаслев, му дојде Господовото слово на Захарија.

2. Имено Ветил ги испрати Сар-Асар и Реге-Мелех со нивните луѓе да го молат Господовото лице

3. и да ги прашаат свештениците во Домот на Господа над Воинствата и пророците: „Дали да плачам во петтиот месец и да постам како што правев веќе толку години?”

4. Тогаш ми дојде Господовото слово: „Речи им на сиот народ во земјата и на свештениците:

5. ‘Кога постите и тажите во петтиот и во седмиот месец веќе седумдесет години, зар Мене Ми постите?

6. А кога јадете и пиете, зар не јадете и пиете за себе?

7. Не се ли тие прописите што Господ ги објави преку некогашните пророци кога Ерусалим беше населен и мирен како и градовите околу него, и кога беа населени Негев и Шефел?’”

8. Господовото слово му дојде на Захарија:

9. „Господ над Војските зборува вака: ‘Судете справедливо и бидете милостиви и сострадателни едни кон други.

10. Не угнетувајте ги вдовицата ни сиракот, ни придојденикот ни бедниот, и не смислувајте зло во срцето еден против другиот.’

11. Не, тие не сакаа да послушаат, туку упорно ги свртија плеќите; ги затнаа ушите за да не чујат;

12. окоравеа со срцето како камен, за да не ги чујат Законот и зборовите кои им ги праќаше Господ над Воинствата, со Својот Дух, преку древните пророци, и Господ над Војските тогаш се разгневи силно.

13. И затоа, како што Тој ги викаше а тие не Го слушаа, така сега тие викаат а Јас не ги слушам - говори Господ над Војските.

14. И ги распрснав меѓу сите народи кои не ги познаваа, а земјата зад нив беше запустена, та никој не поминуваше низ неа ниту се враќаа. Така земјата на благосостојба ја претворија во пустина!”