поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5
  6. 6
  7. 7
  8. 8
  9. 9
  10. 10
  11. 11
  12. 12
  13. 13
  14. 14

Стар Завет

Нов Завет

Захарија 10 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Барајте од Господа дожд во пролетно време! Господ ги создава молњите и дава дожд; му дава леб на човекот а трева на добитокот.

2. Лажно вражат киповите на божествата, гатачите гледаат измама, соништата зборуваат измама, даваат измамлива утеха, затоа луѓето скитаат како стадо, скитаат, немаат пастир.

3. „Мојот гнев пламна против пастирите, и Јас ќе ги казнам јарците. Да, Господ над Војските ќе го посети Своето стадо, Јудиниот дом, и ќе направи да бидат како неговиот накитен коњ во бој;

4. од него ќе излезат крајаглениот камен, шаторскиот клин, од него бојниот лак, од него сите водачи.

5. Ќе бидат заедно како јунаци кои во бојот газат како по улична кал; ќе војуваат зашто Господ е со нив, и ќе ги засрамат оние кои јаваат коњи.

6. Ќе го зајакнам Јудиниот дом, ќе го спасам Јосифовиот дом. Пак ќе ги населам, ми е жал за нив, и ќе биде како да не сум ги отфрлил, зашто Јас Сум Господ, нивниот Бог - ќе ги послушам.

7. Ефремците ќе бидат како јунаци, и ќе им се радува срцето како од вино: ќе ги видат своите синови и ќе се веселат, во Господа ќе воскликнува нивното срце.

8. Ќе им свирнам и ќе ги соберам, зашто Јас ги избавив, ќе бидат пак многубројни како што беа.

9. Ги расеав меѓу народите, но тие ќе си спомнат за Мене во далечните земји, ќе живеат со своите синови и тие ќе се вратат.

10. Ќе ги вратам од Египетската Земја, ќе ги соберам од Асирија и ќе ги доведам до Галадската Земја и на Ливан, и не ќе има доста место за нив.

11. Ќе го поминат Египетското Море, зашто Тој ќе ги удри морските бранови, ќе пресушат сите длабочини на Нил. Ќе се смири гордоста на Асирија и ќе му биде одземен скиптарот на Египет.

12. Нивната сила ќе биде во Господа, тие ќе се прослават со Неговото Име” - говори Господ.