Нов Завет

3 Јован 1:1-11 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

1. Презвитерот – до возљубениот Гај, кого го љубам во вистината.

2. Возљубен, се молам да бидеш здрав и во сѐ да ти биде добро, како што ѝ е добро на душата твоја.

3. Многу се зарадував кога дојдоа бра­ќата и посведочија за твојата вистина – односно како ти одиш во вистината.

4. За мене нема поголема радост од тоа – да слушнам дека моите чеда одат во вистината.

5. Возљубен, ти постапуваш верно во сѐ што го правиш за браќата и гостите.

6. Тие ја посведочија твојата љубов пред Црквата. Добро ќе направиш ако ги приготвиш пред Бога како што тре­ба.

7. Бидејќи поради Неговото име трг­наа, не земајќи ништо од незна­бошците.

8. Ние сме, пак, должни да примаме такви, за да станеме соработници со вистината.

9. Јас напишав неколку збора до Црк­вата, но Диотреф, кој сака да биде прв меѓу нив, не нѐ прими нас.

10. Затоа, ако дојдам, ќе му спомнам за делата негови што ги прави, напаѓајќи нѐ со лоши зборови; и тоа не му е до­волно, туку браќата сам не ги прима, а им забранува да ги примаат и оние кои сакаат да ги примат, и ги гони од Цр­к­вата.

11. Возљубени, не угледувајте се на зло­то, туку на доброто. Кој добро чини, од Бога е; а кој прави зло, не Го видел Бо­га.

Прочитајте целосна глава 3 Јован 1