поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5
  6. 6
  7. 7
  8. 8
  9. 9
  10. 10
  11. 11
  12. 12
  13. 13

Нов Завет

2 Коринтјаните 12 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

Виденијата и откровенијата потврдени од Павле

1. Да се фалам, нема полза, но ќе минам кон виденија и открове­нија Господови.

2. Знам еден човек во Христа, кој пред четиринаесет години, со тело ли, не знам; без тело ли, не знам, Бог знае, беше грабнат и однесен до третото не­бо.

3. И знам дека тој човек, со тело ли, или без тело – не знам, Бог знае,

4. беше грабнат и однесен во рајот и дека чул неискажливи зборови, кои чо­век не смее да ги каже.

5. Со таков човек ќе се пофалам; но со себе нема да се пофалам, освен со моите слабости.

6. А, пак, кога би посакал да се фалам, не би бил безумен, зашто би кажал вистина; но јас се воздржувам, да не би помислил некој за мене повеќе отколку што во мене гледа, или од мене слуша.

7. И, за да не се превознесувам со премногу откровенија, во телото ми се даде трн, ангел сатанин, да ме боцка по лицето, да не се превознесувам.

8. Затоа трипати Го молев Господа тоа да го отстрани од мене.

9. Но Тој ми рече: „Доста ти е Мојата благодат, бидејќи Мојата сила се покажува потполно во слабоста.“ Затоа со многу поголема радост ќе се фалам со своите слабости за да се всели во ме­не силата Христова.

10. Затоа уживам во слабости, во нав­редување, во маки, во прогонување, во тага за Христос, зашто кога сум слаб, тогаш сум силен.

Павле повторно вознемирен

11. Фалејќи се станав безумен! Вие ме принудивте. Вие требаше да ме пофалите, зашто со ништо не сум по­до­лен од надапостолите, иако сум ништо.

12. Зашто знаците на апостолите се по­кажаа меѓу вас во полно трпение, во знаци, чудеса и силни дела.

13. По што останавте подолни од дру­гите цркви, освен по она што јас не ви дотежнеав? Простете ми ја таа грешка!

14. Еве, по третпат се готвам да дојдам кај вас и пак нема да паднам на ваш то­вар; зашто јас не го барам вашето, туку вас: децата не се должни да собираат богатство за родителите, туку роди­те­лите за децата.

15. А јас на драго срце сѐ ќе жртвувам и ќе се жртвувам себе за вашите души. Иако јас премногу ве љубам, вие многу помалку ме љубите.

16. Но нека биде така! Јас не ви додевав; само, бидејќи итар, ве добив на из­мама.

17. Да не сум ве искористил можеби преку оние што ги испраќав кај вас?

18. Го замолив Тит, а со него го пратив и еден од браќата. Да не ве исползува можеби Тит во нешто? Не одевме ли со ист дух? Нели по истите стапки?

19. Одамна мислите дека пред вас се одбрануваме. Ние зборуваме пред Бога, во Христос, и сето тоа, возљубени, е за ваше изградување.

20. Бидејќи се плашам дека можеби, кога ќе дојдам нема да ве најдам такви какви што сакам; а дека и вие нема да ме најдете таков каков што сакате: да не има можеби меѓу вас кавги, завист, гнев, гордост, раздор, клевети, озборување, горделивост, побуни;

21. кога повторно ќе дојдам, да не ме понижи мојот Бог кај вас, и да не треба да оплакувам за мнозина кои погре­ши­ле порано и не се покајале за не­чис­то­тијата, блудството и срамот што ги на­правиле.