поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5
  6. 6
  7. 7
  8. 8
  9. 9
  10. 10
  11. 11
  12. 12
  13. 13

Нов Завет

2 Коринтјаните 8 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

Собирање милостина. Великодушна дарежливост на македонските цркви

1. Браќа, ве известувам за благодатта Божја, дадена на македонските цркви,

2. дека и покрај големото испитување во маката, нивната радост беше изобилна; и покрај нивната длабока сиромаш­тија покажаа големо богатство во нивната дарежливост,

3. зашто, според нивните можности, па дури и преку нивните можности, јас сум сведок дека тие даваа доброволно,

4. нѐ молеа многу усрдно да го примиме нивниот дар и учеството во прислу­жувањето на светиите;

5. и тоа не како што се надевавме, туку тие најнапред сами себе Му се предадоа на Господ, а потоа и нам, по волјата Божја.

6. Затоа го замоливме Тит, онака како што беше почнал порано, така и меѓу вас да го заврши тоа дело на дареж­ли­воста.

7. И како што сѐ изобилува во вас: ве­ра­та и словото, знаењето и секоја усрдност и љубовта ваша кон нас, така нека изобилува во вас и таа добродетел.

8. Ова ви го велам не како заповед, ту­ку преку усрдност на другите да ја ис­питаме искреноста и на вашата љубов.

9. Бидејќи вие ја знаете дарежливоста на нашиот Господ Исус Христос, дека Тој, иако богат, осиромаши заради вас, да се збогатите и вие преку Неговата сиромаштија.

10. А со ова ви давам само совет, зашто тоа е полезно за вас, кои почнавте уште од минатата година, не само да го пра­вите, туку и да сакате да го правите.

11. А сега довршете го започнатото де­ло, та, како што имаше усрдност во ва­шето барање, така усрдно нека биде и неговото довршување според можностите.

12. Зашто, ако се има усрдност, таа е мила по тоа што ја има, а не по тоа што ја нема.

13. Затоа не сакам на другите да им би­де лесно, а вам – тешко, туку подеднакво:

14. вашиот сегашен вишок да го дополни нивниот недостиг, та и нивниот ви­шок да послужи за вашиот недостиг, па да има еднаквост,

15. како што е напишано: „Кој собра многу, немал вишок; и кој малку, немал недостиг.“

16. Да Му благодариме на Бога, Кој во срцето на Тит положи толкава усрдност за вас.

17. Тој ја прифати мојата молба, и би­дејќи многу ревносен, доброволно тргна кон вас.

18. Со него го испративме братот, по­фалуван по сите цркви за неговото бла­говестие;

19. и не само тоа, туку црквите го избраа за да нѐ придружува во тоа дело на дарежливоста, на кое му служиме за слава на Самиот Господ и за нашата добра волја,

20. пазејќи се, да не нѐ укори некој по­ради обилните приноси, за чие собирање се грижиме ние.

21. Зашто ние се трудиме за доброто не само пред Господ, туку и пред луѓето.

22. Со нив го испративме и нашиот брат, чија ревност многупати сме ја ис­пробале во многу работи, и кој сега е уште поревносен поради големата уве­реност во вас.

23. Што се однесува до Тит, тој е мој другар и соработник меѓу вас; а по од­нос на нашите браќа, тие се пратеници на црквите, Христова слава.

24. И затоа покажете им пред црквите доказ на вашата љубов и на спра­вед­ли­воста на нашите пофалби за вас.