поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5
  6. 6
  7. 7
  8. 8
  9. 9
  10. 10
  11. 11
  12. 12
  13. 13

Нов Завет

2 Коринтјаните 7 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

1. И така, возљубени, имајќи вакви ветувања, да се очистиме од секоја нечистота на телото и на духот, исполнувајќи ја светоста во страв Божји.

Павловата радост

2. Примете нѐ во срцата ваши: никому не сме му нанеле неправда; никого не упропастивме, ниту, пак, некого искористивме.

3. Ова не го зборувам за да осудувам, зашто пред малку реков дека сте во ср­цата наши, за да умреме и да живееме заедно.

4. Голема е мојата увереност во вас, многу се фалам со вас; се исполнив со утеха, преизобилувам со радост покрај сите наши маки.

5. Зашто, кога дојдовме во Македонија, никакво спокојство немаше телото на­ше, но од секаде бевме притеснети во маки; однадвор борби, однатре страв.

6. Но Бог, Кој ги утешува понизните, нѐ утеши со доаѓањето на Тит.

7. И не само со неговото доаѓање, но и со утехата, со која се беше утешил тој поради вас, известувајќи нѐ за вашиот копнеж, за вашиот плач, за вашата рев­ност кон мене, така што јас уште по­веќе се зарадував.

8. Зашто, ако сум ве и ожалостил со посланието, не ми е жал, макар и да ми беше жал, бидејќи гледам дека тоа послание ве ожалостило само за малку време;

9. сега се радувам не затоа што се ожа­лостивте, туку што се ожалостивте за покајување; бидејќи се ожалостивте по Бога, та никаква штета да не претрпите од нас.

10. Бидејќи жалоста што потекнува од Бога предизвикува неопходно покајува­ње за спасение, а световната жалост до­ведува до смрт.

11. Зашто, ете, тоа што се ожалостивте по Бога, каква усрдност предизвика во вас, какво извинување, какво огор­чу­ва­ње, каков страв, каков копнеж, каква ревност, каква горчина! Со сѐ по­ка­жав­те дека во тоа дело сте чисти.

12. Така, ако и ви напишав, тоа го на­правив не поради навредувачот, ниту поради навредениот, туку за да стане јасно вашето усрдие за нас пред Бога.

13. Затоа се утешивме. Во таа наша утеха уште повеќе се зарадувавме поради радоста на Тит, затоа што сите вие сте му го успокоиле духот.

14. И затоа јас не се посрамив, кога со некои работи се пофалив за вас пред него; но, како што секогаш пред вас сме ја зборувале вистината, така и пофалбата пред Тит ни излезе вистинска.

15. Голема е неговата срдечна љубов кон вас, кога ќе се сети за послушноста на сите вас, како со трепет и страв сте го примиле.

16. И затоа, се радувам дека во сѐ мо­жам да имам доверба во вас.