поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5
  6. 6
  7. 7
  8. 8
  9. 9
  10. 10
  11. 11
  12. 12
  13. 13

Нов Завет

2 Коринтјаните 3 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

Служењето на Новиот завет

1. Пак ли ќе почнеме сами да се фали­ме пред вас? Или ни се потребни, како на некои, препорачувачки писма до вас или од вас?

2. Вие сте нашето писмо, впишано во нашите срца, кое го познаваат и читаат сите луѓе.

3. Јасно е дека вие сте Христово пис­мо, составено преку нашата служба, на­пишано не со мастило, туку со Духот на живиот Бог, не на камени плочки, туку на човечки срца.

4. Таква сигурност во Бога имаме преку Христа,

5. но не дека сме способни да помисли­ме нешто како од себе; напротив, наша­та способност доаѓа од Бога.

6. Тој ни дал способност да бидеме слу­ги на новиот завет, не на буквата, туку на Духот; зашто буквата убива, а Духот оживотворува.

7. Ако, пак, смртоносното служење со букви, врежани во камења, беше така славно, што синовите Израилеви не мо­жеа да погледаат во лицето на Мојсеј, поради минливата слава на неговото лице,

8. тогаш колку пославно ќе биде служењето на Духот!

9. Зашто, ако служењето што донесува осудување било славно, тогаш колку повеќе ќе изобилува со слава служе­ње­то за праведноста!

10. И навистина, не ни беше прос­ла­ве­но во таа мера она што беше прос­ла­ве­но ако се спореди со преголемата слава.

11. Зашто, ако е славно она што е минливо, тогаш многу пославно ќе биде она што е трајно.

12. Имајќи, пак, таква надеж, ние деј­ствуваме со голема слобода,

13. а не како Мојсеј што ставаше превез на лицето свое за да не можат си­но­вите Израилеви да го видат крајот на минливото.

14. Но умовите нивни заслепеа, бидејќи и до ден денес, кога се чита Стариот за­вет, им стои истиот превез, зашто само Христос го симнува.

15. Па така, и до ден денес, кога се чита Мојсеј, превезот им стои на нивното срце.

16. Но, кога ќе се обратат кон Господ, превезот им се симнува.

17. А Господ е Духот; а каде што е Ду­хот Господов, таму има слобода.

18. Ние, пак, сите со откриено лице, како во огледало гледајќи ја славата Господова, се преобразуваме во истиот лик, од слава во слава, како од Духот Господов.