поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5
  6. 6
  7. 7
  8. 8
  9. 9
  10. 10
  11. 11
  12. 12
  13. 13

Нов Завет

2 Коринтјаните 6 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

Апостол Павле охрабрува со својот пример

1. Како соработници Христови, ние ве молиме да не ја примате напразно благодатта Божја.

2. Зашто се вели: „Во благопријатно време те услишав и во денот на спасе­ние­то ти помогнав.“ Еве, сега е времето благопријатно; ете, сега е денот на спа­сението!

3. Никому никаков повод за соблазна не даваме за да не биде презрена нашата служба,

4. туку во сѐ се препорачуваме за слу­жители Божји, со големо трпение, во неволји, во нужди, во тегоби,

5. во удари, во затвори, во бунтови, во напори, во бденија, во пости,

6. со чистота, со знаење, со долготрпеливост, со добрина, со Духот Свети, со нелицемерна љубов,

7. со проповедта на вистината, со сила Божја, со оружјето на правдата во десна и во лева рака,

8. со славата и срамот, при укори и по­фалби; нѐ сметаат за измамници, а ние сме вистинити;

9. за непознати, а добро сме познати; нѐ држат како да сме на умирање, а еве – живи сме; како казнети, а неумртвени;

10. нѐ нажалуваат, а ние сме секогаш весели; нѐ сметаат за бедни, а мнозина обогатуваме; како ништо да немаме, а сѐ имаме.

11. Устата наша е отворена за вас Ко­ринтјани, и срцето наше се раширува.

12. Вам не ви е тесно во нас, но тесно ви е во срцата ваши.

13. За исто вознаградување ви зборувам како на чеда: бидете и вие широки.

Неопходен избор

14. Не впрегнувајте се заедно со без­верниците; зашто какво заедништво по­стои меѓу правдата и беззаконието? Што заедничко има меѓу светлината и темнината?

15. Какво согласие може да има меѓу Христос и Велијар? Или, што има заедничко меѓу верник и безверник?

16. Каква спогодба има храмот Божји со идолите? Вие сте храм на живиот Бог, како што рекол Бог: „Ќе се вселам во нив и ќе одам меѓу нив; ќе им бидам Бог, а тие ќе бидат Мој народ.“

17. „Затоа излезете од нивната средина и одделете се!“ Вели Господ, и „Не до­пирајте се до нечисто, и Јас ќе ве примам!

18. И Јас ќе ви бидам Татко, а вие ќе Ми бидете синови и ќерки“, вели Гос­под Седржителот.