поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5
  6. 6
  7. 7
  8. 8
  9. 9
  10. 10
  11. 11
  12. 12
  13. 13

Нов Завет

2 Коринтјаните 4 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

Христое е присутен во апостолското служење

1. Затоа, бидејќи по милоста Божја го имаме ова служење, ние со духот не паѓаме;

2. но се одрековме од прикриени срамни дела, не постапуваме со лукавство, ниту го изопачуваме словото Божјо, туку со јавувањето на вистината се препорачуваме на секоја човечка совест пред Бога.

3. Ако, пак, е и покриено нашето Евангелие, тоа е покриено за оние што пропаѓаат:

4. за оние, на кои богот од овој свет им ги заслепил нивните безверни умови, за да не ги осветли светлината на Благо­вес­ти­ето за славата на Христос, Кој е слика на невидливиот Бог.

5. Зашто ние самите себе не се про­по­ведаме, туку Христос Исус Господ; што се однесува, пак, до нас, ние сме ваши слуги поради Исус.

6. Зашто Бог, Кој некогаш заповеда од „темнината да изгрее светлина“, Тој ги озари срцата наши за да биде познанието на славата Божја во лицето на Исус Христос светло.

7. Но таа ризница ја носиме во глинени садови, та преизобилната сила да биде од Бога, а не од нас.

8. Од секаде сме угнетувани, но не сме потиштени; во недоумица сме, не губи­ме надеж;

9. нѐ гонат, но не сме напуштени; нѐ кутнуваат, но ние не пропаѓаме.

10. И секогаш во телото наше ја но­си­ме смртта на Господ Исус, така што и животот Исусов да се открие во телото наше.

11. Зашто ние, живите, постојано се изложуваме на смрт заради Исус, та и животот Исусов да се открие во нашето смртно тело.

12. Така смртта дејствува во нас, а жи­вотот – во вас.

13. А, пак, бидејќи го имаме тој ист дух на верата, како што е напишано: „По­ве­рував и затоа говорев“, и ние веруваме, па затоа и говориме,

14. бидејќи знаеме дека Оној Кој Го воскресна Господ Исус и нас ќе нѐ вос­кресне преку Исус и ќе нѐ постави со вас.

15. Зашто сѐ е заради вас, та благодатта, намножена преку благодарноста на мнозина, да изобилува за славата Божја.

Увереност во воскресението пред стравот од смртта

16. Затоа ние не паѓаме со духот; но, ако нашиот надворешен човек тлее, внатрешниот од ден на ден се обновува.

17. Зашто нашите сегашни незначителни страдања ни донесуваат многу по­обилна и вечна тежина на славата,

18. зашто ние не целиме кон видливото, туку кон невидливото, бидејќи вид­ливото е времено, а невидливото – веч­но.