поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5
  6. 6
  7. 7
  8. 8
  9. 9
  10. 10
  11. 11
  12. 12
  13. 13

Нов Завет

2 Коринтјаните 9 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

Дарежливоста на Коринтјаните

1. Во врска со помагањето на свети­ите сметам дека не треба да ви пишу­вам,

2. зашто ја познавам вашата спремност, за која се фалам со вас пред Ма­ке­донците: „Ахаја приготвила помош уш­те од лани“; и вашата ревност поттикна мнозина.

3. А браќата ги испратив за да не биде напразна нашата пофалба за вас, туку да бидете приготвени, како што тврдев,

4. па, ако дојдат со мене Македонците и ве најдат неприготвени, да не оста­не­ме посрамени ние – да не речам вие, от­како ве пофаливме со таква увереност.

5. Затоа сметав дека е потребно да ги замолам браќата да дојдат претходно кај вас и да ја приготват вашата од­нап­ред ветена милостина, па да се покаже како плод на благослов, а не на лакомство.

6. Ова, пак, ви го велам: кој така скр­жаво сее, така скржаво ќе жнее; а кој богато сее, богато и ќе жнее.

7. Секој да дава како што одлучил во срцето, а не со жал или принуда; зашто Бог го љуби оној што од срце дава.

8. А Бог може изобилно да ве дарува со секаков дар, секогаш да имате доволно за сѐ, да бидете од сѐ срце дарежливи во секое добро дело.

9. Како што е напишано: „Раздаде, им даде на сиромашните; правдата Негова останува вечна.“

10. А Оној Кој му дава на сејачот семе и леб за храна, Тој ќе го умножи и семето ваше, и ќе ви даде да изобилуваат плодовите на вашата правда,

11. па во сѐ да се збогатите за секаква дарежливост, која преку нас предиз­викува благодарност кон Бога.

12. Бидејќи извршувањето на таа служба не само што ги надополнува потребите на светиите, туку и во мнози­на предизвикува обилна благодарност кон Бога;

13. и тие, користејќи ги плодовите од таа служба, Го прославуваат Бога за ва­шето покорно исповедање на Ева­н­ге­ли­ето Христово и за штедроста на заедницата со нив и со сите други.

14. А тие со молитви за вас копнеат по вас поради преизобилната благодат Божја во вас.

15. Да Му благодариме на Бога за Неговиот неискажлив дар!