Нов Завет

Колосјаните 1:17-24 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

17. Тој постои пред се и ги одржува сите нешта.

18. Христос е глава на Црквата, која е Негово тело. Тој е Почетокот, прв што воскресна од мртвите,

19. зашто Бог одбра во Него во целост да се всели Божјата природа

20. и преку Него да ги помири со Себе сите, било да се на Земјата, или на небото, воспоставувајќи мир преку Својата крв, пролеана на крстот.

21. Тоа ве вклучува и вас што порано бевте отуѓени од Бог и Му бевте непријатели, и во мислите и на дело.

22. Сега, преку телесната смрт на Неговиот Син, Тој ве помири со Себе. Затоа Христос ќе ве претстави пред Бог како свети, непорочни и беспрекорни.

23. Се разбира, ако докрај продолжите да верувате цврсто и непоколебливо, и не отстапите од надежта што ја дава Радосната вест што ја чувте. Јас, Павле, добив задача од Бог да им ја проповедам таа Радосна вест на сите луѓе под небесниот свод.

24. Страдам, но се радувам, затоа што знам дека вие од тоа ќе имате корист. Мило ми е што со моето телесно страдање и јас придонесувам кон страдањата на Исус за Црквата, која е Негово тело.

Прочитајте целосна глава Колосјаните 1