Нов Завет

Ефесјаните 4:6-14 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

6. Постои само еден Бог, Татко на сите. Тој е Господар над сите, дејствува преку сите и живее во сите.

7. Но Христос секого од нас го надарил со разновидна дарба, како што Тој милувал.

8. Затоа Светото Писмо вели: „Кога се вознесе во висините, зеде со Себе многу затвореници и им даде дарови на луѓето.“

9. Што значи тоа „кога се вознесе“? Тоа подразбира дека Тој прво слезе до најдолните предели на Земјата.

10. Тој што слезе е истиот Оној што се издигна високо над сите неба, а тоа е Христос, за да може да ја исполни целата вселена и да владее со неа.

11. Христос надарил некои луѓе да бидат апостоли, други да бидат пророци; некои да бидат евангелизатори, а други духовни пастири и учители.

12. Тие треба да ги обучат Божјите луѓе за извршување на Неговото дело - изградба на Црквата, духовното Христово тело,

13. се додека сите заедно не постигнеме единство во верата и во познавањето на Божјиот Син, со што ќе станеме целосно зрели според возвишените стандарди што ги постави Христос.

14. Не треба веќе да се однесуваме како малолетници, фрлани наваму - натаму од брановите, носени од сите ветришта на лажните човечки учења, кои итро ги водат луѓето во стапицата на измамата.

Прочитајте целосна глава Ефесјаните 4