Нов Завет

Ефесјаните 4:18-23 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

18. Нивните умови се помрачени. Тие се отуѓени од животот што доаѓа од Бог, затоа што не го разбираат тоа, а не го разбираат бидејќи срцата им се закоравени.

19. Тие веќе не го разликуваат праведното од грешното. Лакомо се препуштаат на разни пороци и на секаков вид гнасни работи.

20. Но вие што сте запознаени со учењето на Христос, не сте учени така да живеете.

21. Слушнавте за Него и научивте дека вистината произлегува од Исус.

22. Затоа, отфрлете ја вашата стара природа и поранешниот начин на живеење, таа стара природа, докрај расипана, полна со похот и измама.

23. Сега сте духовно препородени, со нов начин на размислување.

Прочитајте целосна глава Ефесјаните 4