поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5
  6. 6
  7. 7
  8. 8
  9. 9
  10. 10
  11. 11
  12. 12
  13. 13
  14. 14
  15. 15
  16. 16
  17. 17
  18. 18
  19. 19
  20. 20
  21. 21
  22. 22
  23. 23
  24. 24
  25. 25
  26. 26
  27. 27
  28. 28
  29. 29
  30. 30
  31. 31
  32. 32
  33. 33
  34. 34
  35. 35
  36. 36
  37. 37
  38. 38
  39. 39
  40. 40
  41. 41
  42. 42

Стар Завет

Нов Завет

Јов 26 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Јов проговори и рече:

2. „Колку добро знаеш да му помогнеш на немоќниот и да ја потпреш изнемоштената мишка!

3. Колку добар совет му даваш на неукиот; навистина покажа преголема мудрост.

4. Кому му ги упати овие зборови и кој дух зборуваше од тебе?”

5. Мртвите пред Бога, треперат долу под земјата, морските води се тресат и нивните чудовишта.

6. Пред Неговото око Шеолот зее откриен, и бездната на смртта нема превез на себе.

7. Тој го оптегнува Северот врз празнината, Тој ја држи земјата, необесена на ништо.

8. Тој ја затворува водата во Своите облаци, но облаците не се скинуваат под неа.

9. Тој го покрива полното лице на месечината, простирајќи го Својот облак врз него.

10. Тој и постави меѓи на водата, каде прекратува светлината и темнините почнуваат.

11. На небесниот свод се потресуваат столбовите и премираат од страв, кога Тој се заканува.

12. Тој го скроти морето со Својата сила и го сотре со мудрост чудовиштето Рахав.

13. Со својот Дух ги украси небесата, а Неговата рака ја прободе брзата змија.

14. Сè тоа е само дел од Неговите дела, од кои ние за Него слушаме слабо. Но кој може да го сфати громот на Неговата сила?”